Сода бикарбона и лимон за чисто лавабо: 7 едноставни трикови за чиста кујна

Беспрекорниот изглед на кујната не е секогаш можен, посебно ако се потпирате исклучиво на хемиските препарати кои понекогаш не се така ефикасни како на рекламите.

7-ednostavni-trikovi-za-cista-kujna-1-001.jpg

За среќа, токму домашните производи кои се во вашата кујна можат да ви помогнат да дојдете до вашата беспрекорно чиста кујна.

Еве како:


1. Употребувајте оцет за да го отстраните бигорот на лавабото

Ако лавабото во кујната ви е избледено и целото полно со бели наслаги, најдобро е да го употребите оцетот за да ги отстраните калциумовите наслаги.

7-ednostavni-trikovi-za-cista-kujna2.jpg


2. Осветлете ги дрвените фиоки без употреба на хемикалии

Направете домашна смеса од растително масло и сода бикарбона и истата нанесете ја на темните површини со помош на четка за заби. Тријте ја површината се додека не забележите дека површината е осветлена.

7-ednostavni-trikovi-za-cista-kujna-3.jpg


3. Лавабото може да ви биде чисто со помош на остатоци од лимон

Често можете да забележите наслаги од масти и храна на лавабото, а некои од нив знаат и со текот на времето да се соберат. Решение за тоа е повторно да употребите сода бикарбона и лимон. Истурете сода бикарбона и тријте ја со парчето лимон.

7-ednostavni-trikovi-za-cista-kujna-4.jpg


4. Комбинирајте ја моќта на лимоните и вашата рерна за да се ослободите од мувите

Мувите знаат да бидат навистина досадни, но за среќа постојат паметни начини како трајно да се ослободите од нив. Само ставете две половини од лимон во рерна и преку ноќ оставете ја вратата отворена. Следното утро затворете ја вратата и пуштете ја рерната малку да се загрее.

7-ednostavni-trikovi-za-cista-kujna-1.jpg


5. Чистење на тешко достапните површини

Чистењето на оние мали речиси незабележливи места каде одново и одново се собираат наслаги, може да претставува вистински проблем. За нив секогаш употребувајте чепкалка и никогаш повеќе нема да бидат валкани.

7-ednostavni-trikovi-za-cista-kujna-05.jpg


6. Темни фуги

Темните фуги не се типични само за тоалетот, туку и за кујнските површини. Токму затоа, добро е одвреме навреме да ги чистите на истиот начин на кој можете да ги исчистите и плочките во тоалетот – домашна паста од вода и сода бикарбона. Смесата нанесете ја на плочките и истурете оцет. Гледајте како пената сама си ја завршува работата.

7-ednostavni-trikovi-za-cista-kujna-6.jpg


7. Мирис на храна

Понекогаш без разлика на тоа што правите, кујната знае да мириса непријатно или едноставно да ви пречи миризбата на храна. Можете да добиете понеутрален мирис на многу едноставен начин – само ставете оцет во тава кој малку ќе проврие. Мирисите веднаш исчезнуваат.

7-ednostavni-trikovi-za-cista-kujna-7.jpg

Би можело да ве интересира:

Збир од трикови за кои ќе си помислите: „како не сум се сетил/а на ова?“ Само една фотка има моќ да ви го олесни животот и тоа ќе ви се потврди во продол...
Кујнски ножеви и уште 7 работи за кои вреди да потрошите повеќе пари Ако го користите лаптопот само за забава, можете да поминете и со поевтин модел....
Домаќински совети од Македонка: „Што сè чистам во мојот дом со лимон (и како)?“ „Дали знаете дека лимонот можете да го примените во чистењето на вашиот дом? Док...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg