10 едноставни совети за чистење со кои вашата кујна ќе блеска

Вистинско огледало на секоја домаќинка е изгледот на нејзината кујна. Чистата кујна не само што ќе ви го направи попријатен самиот процес на готвење, туку е од исклучителна важност за вашето здравје.

10-ednostavni-soveti-za-cistenje-so-koi-vasta-kujna-kje-bleska-001.jpg

Со следните корисни совети на економичен и лесен начин ќе направите кујната да блеска, а вие да бидете сигурни дека вашето здравје и здравјето на вашето семејство во никој случај не е загрозено.

1. Работна површина

Измешајте 1 чаша вода, половина чаша оцет и половина чаша вотка. Додадете и неколку капки масло од еукалиптус. Оваа смеса одлично го чисти талогот од бигор и масни наслаги. (Постапката се изведува со гумени ракавици и не заборавајте да ја проветрите собата.)

10-ednostavni-soveti-za-cistenje-so-koi-vasta-kujna-kje-bleska-002.jpg

2. Чајникот

Наполнете 2/3 од чајникот со ладна вода и додадете 25-50 g лимонска киселина. Ставете го на оган и оставете да врие 3-5 минути. Потоа исплакнете го чајникот, наполнете чиста вода и повторно ставете го да зоврие. Повторете ја постапката со чиста вода 2 пати и тој ќе биде безбеден за употреба.

10-ednostavni-soveti-za-cistenje-so-koi-vasta-kujna-kje-bleska-003.jpg

3. Лавабо

Во вода додадете малку амонијак и нанесете го растворот врз целото лавабо. Оставете да делува 10 минути и исплакнете со жешка вода.

10-ednostavni-soveti-za-cistenje-so-koi-vasta-kujna-kje-bleska-004.jpg

4. Микробранова печка

Во сад ставете 400-500 ml вода и 2 лажици оцет. Ставете го садот во микробрановата и пуштете ја да работи 5-10 минути во зависност од степенот на наталожени масти. Потоа со лесно бришење ќе ги соберете сите наталожени масти. не заборавајте да користите гумени ракавици и за оваа постапка.

10-ednostavni-soveti-za-cistenje-so-koi-vasta-kujna-kje-bleska-005.jpg

5. Рерна

Направете густа паста од 1 чаша сода бикарбона, 1 лажица средство за миење садови и малку вода. Подготвената смеса нанесете ја на нечистите делови и оставете да дејствува 15 минути. Потоа измијте ја рерната.

10-ednostavni-soveti-za-cistenje-so-koi-vasta-kujna-kje-bleska-006.jpg

6. Фрижидер

Во 1 литар топла вода растворете 2 лажици сода бикарбона. Со ваквиот раствор натопете мека крпа и избришете ја целата внатрешност на фрижидерот. Потоа, пребришете уште еднаш со чиста вода и на крајот со сува крпа.

10-ednostavni-soveti-za-cistenje-so-koi-vasta-kujna-kje-bleska-007.jpg

7. Чинии

Исчистете ги чиниите од масни наслаги и бигор така што ќе ставите малку сенф во прав на сунѓерчето. Потоа само исплакнете и тие ќе заблескаат како нови.

10-ednostavni-soveti-za-cistenje-so-koi-vasta-kujna-kje-bleska-008.jpg

8. Плотна

За да ја исчистите плотната од електричниот шпорет потребни ви се само паста за заби и стара четка. Нанесете од пастата врз местата со наслаги и оставете да делува 10-15 минути. Потоа избришете ја површината со влажна крпа.

10-ednostavni-soveti-za-cistenje-so-koi-vasta-kujna-kje-bleska-009.jpg

9. Плочките во кујната

Најдобар начин за чистење на сите масни наслаги врз плочите е така што ќе направите концентриран раствор од детергент за миење садови и вода. Убаво измешајте и испрскајте врз плочките.

10-ednostavni-soveti-za-cistenje-so-koi-vasta-kujna-kje-bleska-010.jpg

10. Керамички садови

Керамичката тава наједноставно ќе ја исчистите ако ја наполните со вода и додадете неколку лажици детергент за миење садови и 2-3 лажици сода бикарбона. Ставете ја тавата на оган и оставете ја да врие околу половина час. Потоа тргнете ја настрана, почекајте да се излади водата и измијте ја со чиста вода.

10-ednostavni-soveti-za-cistenje-so-koi-vasta-kujna-kje-bleska-011.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...

Најчитани неделава