5 работи кои никако не треба да ги чувате во бањата

Честопати луѓето се во дилема дали чистите пешкири и шминката може да се чуваат во бањата или не.

5-raboti-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-cuvate-vo-banjata-00

Влажноста на која е изложена самата бања е главната причина за појавата на ваквите дилеми.

Токму затоа ние ви направивме список на 5 работи кои во никој случај не треба да се најдат во вашата бања.

1. Шминка

Општото правило е дека шминката треба да ја чувате на собна температура. Токму заради тоа температурата во бањата која постојано се менува (се зголемува при туширање и се намалува кога бањата не се користи) не е идеална за чување на омилените предмети за разубавување.

5-raboti-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-cuvate-vo-banjata-01

2. Лекови

Доколку ги чувате во бањата, крајно време е да ги преместите на друго место. Зошто? Заради влагата во бањата лековите можат да ја изгубат својата ефикасност и токму затоа, треба да ги чувате на суво и ладно место (на температура помеѓу 20 и 25 степени).

5-raboti-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-cuvate-vo-banjata-02.jpg

3. Накит

Можеби имате навика да го ставите на рака омилениот прстен или ланче веднаш штом излезете од под туш, но сепак никако не го оставајте во бањата кога не го носите. Влажната средина ќе го забрза процесот на оксидација поради кој може да дојде до промена на бојата на накитот.

5-raboti-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-cuvate-vo-banjata-03

4. Лак за нокти

Доколку сакате да му го продолжите животниот век на лакот, никако немојте да го оставате во бањата каде температурата постојано се менува. Наместо тоа, чувајте го лакот на собна температура.

5-raboti-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-cuvate-vo-banjata-04

5. Брич

Немојте да го уништите уште пред да го искористите: сите дополнителни бричеви чувајте ги на кое било друго место освен во бањата, бидејќи заради пареата и влагата тие може да станат помалку остри дури и ако воопшто не сте ги употребиле.

5-raboti-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-cuvate-vo-banjata-05

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
11 работи што никако не треба да ги чувате до шпоретот Звучи логично да ги чувате зачините до шпоретот за да ви бидат при рака кога гот...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...

Најчитани неделава