11 работи што никако не треба да ги чувате до шпоретот

Звучи логично да ги чувате зачините до шпоретот за да ви бидат при рака кога готвите. Но, поради топлината, може да им се промени вкусот. Од влагата, пак, може да се направат грутки.

11-raboti-shto-nikako-ne-treba-da-gi-chuvate-do-shporetot-01.jpg

Областа околу шпоретот е место што многумина го користат за чување предмети кои ги користат додека готват.

Но, поради топлината од готвењето, но и ризикот од пожар, некои работи не е паметно да ги чувате до шпоретот.

Кои се тие?

Масло

Маслата за готвење, особено маслиновото, се чувствителни на високи температури, кои со текот на времето можат да им го намалат квалитетот.

Зачини

Звучи логично да ги чувате зачините до шпоретот за да ви бидат при рака кога готвите. Но, поради топлината, нивниот вкус побрз ќе испари.

Проблем може да биде и зголемената влажност во оваа област – влагата може да навлезе во садовите со зачини, па да се направат грутки.

Хартиени бришачи

Ова е особено важно ако имате шпорет на плин. Хартиените бришачи нема да се расипат, но многу лесно може да се запалат.

11-raboti-shto-nikako-ne-treba-da-gi-chuvate-do-shporetot-02.jpg

Електронски уреди

Високата топлина може да ги оштети електронските уреди па дури и да ги стопи ако се премногу блиску до шпоретот.

Храна со краток рок на траење

Јасно е дека од топлината на шпоретот, храната со рок на траење ќе се расипе побрзо.

Но, ова важи и за намирници кои се чуваат на собна температура, како компири – поради температурата, во комбинација со влажноста, побрзо ќе се расипат.

Конзервирана храна

Конзервираната храна има навистина долг рок на траење, но треба да ја чувате на собна температура.

Температурата на воздухот во близина на шпоретот е повисока, особено ако готвите често, па може да им го намали рокот на траење.

11-raboti-shto-nikako-ne-treba-da-gi-chuvate-do-shporetot-03.jpg

Оцет

Исто како маслата, и оцетот може да си го промени вкусот ако го чувате до шпоретот.

Алкохол

Најпрво, алкохолот е запалив па не е препорачливо да го чувате до шпоретот, особено ако готвите на плин.

Покрај тоа, високата температура може да има влијаени врз вкусот и квалитетот на пијалакот.

11-raboti-shto-nikako-ne-treba-da-gi-chuvate-do-shporetot-04.jpg

Крпи и ракавици за рерна

И овој пат причината е ризикот од пожар.

Лекови

Повеќето лекови треба да се чуваат на темно и суво место, на собна температура. Па, областа околу шпоретот не е добар избор.

Пластични садови

Повторно причината е ризикот од пожар, но и можноста садовите да се растопат од топлината.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...
Осум работи кои е редно време да ги фрлите од подрумот (нема да ви недостасуваат) Ролери од детството на кои има фали тркалце, расипани сијалички за елка, четири ...
Седум работи во домот кои треба да ги фрлите (сега откако помина Божиќ) Штом поминале неколку денови од Божиќ и Бадник, време е да ја фрлите преостаната...

Најчитани неделава