7 начини како да ја испеглате облеката без пегла

Да ве воведеме во ситуацијата - имате уште 5 минути додека да излезете од дома, кога сфаќате дека маицата која планиравте да ја носите ви е толку истуткана, што нема шанса да ја облечете, ниту да стигнете да ја испеглате без да задоцните.

7-nacini-kako-da-ja-ispeglate-oblekata-bez-pegla-001.jpg

За да не се нервирате неколку минути пред излегување, во иднина имајте ги на ум овие алтернативи за пеглање без пегла:

Пегла за коса - одлична за исправување на ситните делови како јаки или мали набори.

7-nacini-kako-da-ja-ispeglate-oblekata-bez-pegla-1.jpg


Вода и оцет
- Измешајте вода и оцет со размер 3:1 и промешајте. Сега имате спреј со кој треба само да ја пропрскате кошулата и да ја закачите да се исуши.

7-nacini-kako-da-ja-ispeglate-oblekata-bez-pegla-2.jpg


Пареа од стариот чајник
- Загрејте вода додека не зоврие, а потоа држејќи го чајникот на 20-тина сантиметри над парчето облека, искористете ја моќта на пареата.

7-nacini-kako-da-ja-ispeglate-oblekata-bez-pegla-3.jpg


Фен за коса
- Само вклучете на највисока температура.

7-nacini-kako-da-ja-ispeglate-oblekata-bez-pegla-4.jpg


Пареа од бањата
- Ставете ја маицата или кошулата на закачалка и оставете ја во бањата додека се туширате со жешка вода. Почекајте неколку минути.

7-nacini-kako-da-ja-ispeglate-oblekata-bez-pegla-5.jpg


Мокра крпа
- Ставете ја облеката на рамна површина и покријте ја со влажна крпа. Стиснете најсилно што можете  и оставете да се исуши.

7-nacini-kako-da-ja-ispeglate-oblekata-bez-pegla-6.jpg


Дното на тенџерето
- Зовријте вода во едно тенџере и со жешкото дно поминете го парчето облека баш како со пегла.

7-nacini-kako-da-ja-ispeglate-oblekata-bez-pegla-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...

Најчитани неделава