Најчестите места низ кои топлината „ви бега“ од домот

Кога температурите се екстремно ниски, сосема очекувано е топлината да ни бега низ домот.

najcestite-mesta-niz-koi-toplinata-vi-bega-od-domot-1.jpg

Тогаш заради секоја мала пукнатина се чувствува двојно поголем студ во просторот и е многу потешко да се згреете.

Важно е да ги знаете местата низ кои топлината буквално ви бега:

  • Најмногу топлина излегува низ кровот на куќите - 20%
  • Низ подот се губи околу 10% од топлината
  • Низ прозорите и вратите се губат околу 50% од топлината. Најмногу топлина се губи преку старите прозори. Според произведувачите, менувањето на единечниот прозор со двоен се исплати по само две грејни сезони.
  • Канализацијата, оџаците и капите на нив исто така ја изнесуваат топлината од домот.

najcestite-mesta-niz-koi-toplinata-vi-bega-od-domot-2.jpg

Како да го спречите бегањето на топлината?

- Полиците и останатиот подебел мебел може да го ставите на надворешниот ѕид. Така изолацијата ќе биде поефикасна.

- Исто така може да ги заштитите прозорите со дебели завеси.

- Обложете ги прозорите и балконската врата со дополнителна заштита - самолеплива лента или фолија која ќе го спречи излегувањето на топлината.

- Проверете дали прекинувачите на светлата ви се добро притиснати за ѕид. Ако не, наместете ги.

- Ролетните секоја вечер спуштајте ги до крај и кревајте ги дури наутро.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
14 ќошиња и „ситници“ во домот што заборавите да ги исчистите (а треба под итно) Дали ја бришете прашината над лустерите, или поминувате со правосмукалка помеѓу ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава