Домашно подготвени раствори за чистење во домот

Научете како да направите целосно природни средства за чистење, добиени со користење на состојки кои ги имате во вашата кујна.

5-domashno-podgotveni-rastvori-za-chistenje-vo-domot-1.jpg

Лесни се за приготвување, а состојките можете да ги најдете во било кој супер маркет. Покрај тоа, евтини се, за разлика од готовите средства кои може да ве чинат многу поскапо.

Киселина

Киселината е одлично решение за чистење на прозорци и огледала. Само измешајте 2 чаши вода со ½ чаша киселина и вашиот раствор е подготвен.

Совет: Немојте да ги чистите прозорците на топол ден, бидејќи растворот ќе се исуши многу брзо, а притоа ќе остави и непосакувани дамки.

5-domashno-podgotveni-rastvori-za-chistenje-vo-domot-3.jpg

Сода бикарбона

Доколку планирате да ги чистите кујнските површини, обидете се со сода. Едноставно искомбинирајте 4 лажици сода со една чаша вода, ставете на сунѓер и започнете со чистење.

Портокал во прав

За отстранување на рѓата од вашите ѕидови, истурете ¼ чаша портокал во прав врз дамките. Повторувајте ја оваа постапка се додека рѓата целосно не исчезне.

5-domashno-podgotveni-rastvori-za-chistenje-vo-domot-4.jpg

Пченкарно брашно

Покрај главната намена за готвење, пченкарното брашно може да биде и ефикасно средство за чистење. Ако несакајќи ви се истури нешто непосакувано врз тепихот, само посипете со пченкарно брашно и оставете го така во период од барем 20 минути.

Сол

Раствор од сол може да направи вашиот накит да сјае како нов. Само измешајте ја солта со сода и една чаша вода. Со оваа смеса можете да чистите накит од сребро, злато, месинг и никел.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...

Најчитани неделава