19 работи кои треба веднаш да ги фрлите

Сите во животот имаме барем по една личност за која имаме чувство дека никогаш не фрла ништо.

19-raboti-od-koi-treba-vednas-da-se-oslobodite-01

Дали се тоа стари фискални сметки, разно разни потврди или гаранции за кујнски апарати кои веќе одамна не важат или едноставно „осамени“ чорапи за кои уште од почеток знаете дека никогаш нема да дојдат до својот партнер - неважно, важно да се сочуваат.

За да не се претворите и самите во таква личност ова се работите од кои веднаш морате да се ослободите:

1. Закачалки од жица

Тие брзо ќе се искриват а може да фатат и ’рѓа која потоа ќе се пренесе на облеката. Заменете ги со дрвени или пластични.

19-raboti-od-koi-treba-vednas-da-se-oslobodite-02

2. Износени чевли

Имајте на ум дека не можете да ги носите засекогаш.

3. Празни шишиња од алкохол

Не сте веќе тинејџери и празните фенси шишиња не треба да ви претставуваат некаков вид на трофеј.

19-raboti-koi-treba-vednas-da-gi-frlite-2.jpg

4. Облека што никогаш не ја носите

Донирајте ја, некој можеби ќе сака да ја носи. Истото важи и за детската облека.

5. Стари играчки

Ако не се скршени, а никој во семејството веќе не ги користи, донирајте ги или во хуманитарни организации или на роднини кои имаат деца.

6. „Осамен“ чорап

Можете да го чувате некое време со надеж дека ќе се појави и другиот чорап наместо веднаш да ги фрлите, но откако ќе поминат неколку недели - работата е јасна.

7. Шминка со поминат рок

Таа може само да му наштети на вашето лице.

19-raboti-od-koi-treba-vednas-da-se-oslobodite-05

8. Лекови со поминат рок

Ослободете се од сите таблети кои ги чувате „за секој случај“, а се со поминат рок на траење.

9. Четка за заби

Неопходно е истата да се менува на неколку месеци, кога влакната ќе станат истенчени и „бушави“.

10. Производи во фрижидерот

Знаете дека производите не треба да ги ставате само за да стојат таму.

11. Стари кеси за пазарување

Едноставно ослободете се од колекцијата на пластични кеси кои ги чувате „за да ви се најдат“.

12. ЦД, ДВД и видео ленти

Снимете ги на хард диск и заштедете простор на вашите полици.

13. Сунѓери за миење садови

Доколку не се менуваат често може да бидат извори на разни бактерии.

19-raboti-od-koi-treba-vednas-da-se-oslobodite-06

14. Филтри за вода

Потребно е да се менуваат на неколку месеци или кога ќе забележите дека водата има чуден вкус.

15. Стари визит-картички

На никого би му била потребна вашата визит-картичка за работата која сте ја работеле пред 5 години, или за некоја претходна позиција на која сте биле?

16. Стари полначи за телефони

Секако не би имале потреба да го полните вашиот стар Моторола телефон од 2004-та година.

17. Стари списанија

Можеби дел од нив имаат вредност, но повеќето не би требало со години да стојат на вашата масичка.

18. Стари чорапи и долна облека

Ако имаат повеќе дупки отколку што треба, фрлете ги и купете си нови.

19. Стари сметки и потврди

Ако нешто е навистина потребно скенирајте го и зачувајте го на вашиот компјутер.

19-raboti-od-koi-treba-vednas-da-se-oslobodite-09

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...

Најчитани неделава