Како да го средите гардероберот за само неколку минути?

Веројатно и на вас ви се случува, за само неколку дена, уредно здиплената гардероба да ја претворите во вистински хаос. Тоа е така од причина што многу често чуваме облека или накит, кои реално не ни се потребни.

kako-da-go-sredite-garderoberot-za-samo-nekolku-minuti-001.jpg

Овој период од годината е оној во кој ја подготвуваме летната гардероба, а се ослободуваме од џемперите и зимските работи. Па, наместо постојано да ги туткате вашите алишта, борејќи се со малку слободниот простор, време е да го искористите овој период на промена на сезоните и да ги фрлите непотребните нешта.

Стари градници

Направете тест на вашите градници. Откако ќе ги облечете, на себе ставете само една тенка маичка. Доколку градите излегуваат од градникот или пак чувствувате неудобно стегање во делот на грбот, време е да се ослободите од градникот. Секако веќе никогаш нема да го облечете.

Подароци од поранешни партнери

Доколку имате парчиња облека кои пред неколку години ви ги подарило вашето поранешно момче, тоа не значи дека засекогаш треба да ги чувате. Ако облеката ви е мала, време е да ја дадете на некој на кој може да му користи. Не дозволувајте предметите да ве врзуваат за спомени.

Неудобни чевли

Со текот на годините, обликот на ногата се менува. Промените може да настанат во кој било период, од обично отекување на ногата, а најчесто се случува во текот на бременоста.

Па така, доколку не се чувствувате удобно во некои чевли, нема потреба да се малтретирате носејќи ги, ниту пак да дозволите да ви зафаќаат дел од просторот. Доколку не се многу износени, подарете ги некому, во спротивно фрлете ги.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Предмети во домот што е во ред да ги чистите еднаш (или двапати) годишно Метењето со правосмукалка е нешто што, за жал, не можете да го прескокнете. Но, ...

Најчитани неделава