3 трикови со кои ќе ги покриете гребнатинките на очилата за сонце

Очилата за сонце се задолжителен моден додаток преку целата година, а посебно во лето. Но, колку и да внимаваме, тие многу лесно може да се оштетат.

3-trikovi-so-koi-kje-gi-popravite-oshtetenite-ochila-za-sonce-01.jpg

Обично на стаклата на очилата се појавуваат гребнатинки кои го уништуваат стаклото и пречат кога гледаме низ нив.

За среќа, постојат три едноставни трикови кои ќе ви помогнат да ги поправите оштетените очила за сонце:

Средство за полирање сребро

Нанесете малку средство за полирање сребро на изгребаните делови од очилата и нежно протријте со чиста крпа. Гребнатинките ќе се изгубат.

Паста за заби

Пастата за заби има најразлични намени, па меѓу другото се користи и за оштетените очила. На изгребаните делови нанесете паста, а потоа измијте ги очилата со вода.

Сода бикарбона

Сода бикарбоната е корисна за многу работи низ дома. За да ги поправите изгребаните стакла, направете паста од сода бикарбона и вода и нанесете ја на оштетените делови. Потоа, исплакнете со вода.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
„Мрзливи“ трикови за чистење за домаќинки (и домаќини) кои немаат многу време Влакната од гарнитурата соберете ги со гумена ракавица, а блендерот само наполне...

Најчитани неделава