11 работи кои мора да ги чистите барем еднаш неделно

Јасно ни е дека на никој не му е пријатно и не обожава да чисти, но тоа е нешто што мора редовно да се прави за да го одржиме високото ниво на хигиена.

11-raboti-koi-treba-da-gi-chistite-barem-ednash-nedelno-01.jpg

Понекогаш, некои неочекувани места имаат многу повеќе бактерии отколку што си замислувате.

Има некои делови и работи од домот кои треба да се чистат редовно, односно минимум еднаш неделно, а има и такви кои се чистат секојдневно.

Погледнете кои се тие:

Мијалникот во кујната - секој ден

Мијалникот во кујната може да собере многу повеќе бактерии отколку тоалетот. А, поради тоа што садовите од кои јадеме или салатата и овошјето кои ги миеме се во контакт со истото, мора да одржуваме хигиена и да го чистиме секој ден.

Како да чистите: со марамици за дезинфекција или средство за чистење. Ако чистите без никакво средство, само ги разнеусвате бактериите.

11-raboti-koi-treba-da-gi-chistite-barem-ednash-nedelno-02.jpg

Работна површина во кујна - секој ден

Исто како и мијалникот, работната површина е секојдневно во контакт со илјадници бактерии кои треба постојано да се чистат.

Како да чистите: Испрскајте ја површината и избришете ја после секое готвење, минимум 3 пати на ден.

11-raboti-koi-treba-da-gi-chistite-barem-ednash-nedelno-03.jpg

Фрижидер - еднаш неделно

Во фрижидерот чуваме храна и остатоци од зготвената храна, па за да спречиме ширење на бактерии, чувајте ја храната во затворени кутии, а расипаната храна фрлајте ја веднаш.

Како да чистите: бришете ги полиците и фиоките со средство за дезинфекција или марамици, а храната фрлајте ја кога ќе се расипе.

11-raboti-koi-treba-da-gi-chistite-barem-ednash-nedelno-04.jpg

Под - еднаш неделно

Бактериите се таложат како што просторот се полни со прашина, па затоа не смеете да дозволите подот да не го чистите подолго време.

Како да чистите: бришете го подот еднаш неделно и поминувајте ги со правосмукалка теписите.

11-raboti-koi-treba-da-gi-chistite-barem-ednash-nedelno-05.jpg

Пешкири за бањање - на секои 3 употреби

Бактериите се развиваат на високи температури и вода, а тоа се карактеристиките на пешкирот по употреба. А, ако  уште мокар следниот пат кога ќе го користите, бидете сигурни дека бактериите растат.

Како да ги чистите: Доколку е можно, по употреба стваајте ги пешкирите да се сушат на сонце за да не останат долго мокри.

11-raboti-koi-treba-da-gi-chistite-barem-ednash-nedelno-06.jpg

Пешкири за бришење раце - на неколку дена

Влажните пешкири се одлична средина за развивање на бактерии, а плус, тие се користени од повеќе луѓе кои ги оставаат нечистотиите на него.

Како да ги чистите: Ставете ги во топла вода и потоа исперете ги.

11-raboti-koi-treba-da-gi-chistite-barem-ednash-nedelno-07.jpg

Тоалетна школка - еднаш неделно

Ова е сосема јасно и нема потреба од дополнителни објаснувања за тоа колку бактерии има и се пренесуваат преку тоалетната школка.

Како да ја чистите: чистете ја површината за седење со средство за дезинфекција.

11-raboti-koi-treba-da-gi-chistite-barem-ednash-nedelno-08.jpg

Чаршафи - еднаш неделно

Чаршафите апсорбираатт нечистотии и бактерии за само една недела. Замислете ја потта и сите мсла кои ги ставате.

Како да ги чистите: Ставете ги во тоопла вода без многу детергент бидејќи може да предизвика кожни заболувања и иритации.

11-raboti-koi-treba-da-gi-chistite-barem-ednash-nedelno-09.jpg

Детски играчки - минимум еднаш неделно

Детските играчки лесно се заразуваат со бактерии, па мора да се чистат минимум еднаш неделно, а може дури и почесто.

Како да ги чистите: измешајте топла вода и сапун и потопете ги играчките.

11-raboti-koi-treba-da-gi-chistite-barem-ednash-nedelno-10.jpg

Четки за шминкање - еднаш неделно

Четките за шминкање навистина треба да се чистат секој ден, но бидејќи знаеме дека не е возможно, обидете се барем еднаш неделно. Вашето лице е покриено со маснотии и нечистотија која постојано се префрла на четките и се создава одлична средина за бактерии.

Како да ги чистите: користете бебешки шампон за да ги измиете четките и сунѓерчињата.

11-raboti-koi-treba-da-gi-chistite-barem-ednash-nedelno-11.jpg

Мобилни телефони - секој ден, во најлош случај еднаш во неделата

Постојано ги допираме телефоните со нечисти раце и ги оставаме на секакви места, па мора да се дезинфицираат.

Како да ги чистите: Користете марамици или средства за дезинфекција секојдневно.

11-raboti-koi-treba-da-gi-chistite-barem-ednash-nedelno-12.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...

Најчитани неделава