Трик за чистење со кој белите патики ќе изгледаат како нови

Без разлика каков модел се и во кој стил спаѓаат, едно е сигурно – важно е патиките секогаш да се чисти за да изгледаат убаво.

trik-za-chistenje-beli-patiki-so-koj-tie-kje-izgledaat-kako-novi-01.jpg

Но, лошото време не ни помага многу во таа цел, посебно ако се бели, а плус, секогаш ќе се најде некој кој ќе ги згазне и извалка.

Па, после долго носење, тие полека почнуваат да се уништуваат и колку и да се обидувате да ги чистите, по одреден период ја губат бојата и свежината.

Многумина би рекле дека кога ќе дојде тој момент, најдобро е да се фрлат и можеби се во право, освен, ако не го употребите овој трик на една девојка која се пофали на Twitter.

Таа објави пред и потоа фотка од нејзините бели старки и навистина направила чудо.

/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2F

Можеби мислите дека за ова се потребни посебна вештина и препарати, но сѐ што ви треба за да ги светнете патиките се производи кои ги имате дома.

Според неа, треба да измешате сода и детергент за перење во сооднос 1:1.5,  да стругате со четка за заби и да ги оставите да постојат кратко. Потоа исплакнете ги, ставете ги во машина за перење, посипете бебешка пудра и оставете да се исушат.

Важно е кога ќе ги ставите во машина да ги пуштите на „најнежна“ програма, бидејќи ако е поголема брзината може да се уништат. Исто така, извадете ги врвците пред да ги исперете во машина.

Вреди да се обидете, нема што да изгубите ако стигнале до фазата „пред фрлање“.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава