Како брзо и ефикасно да го средите домот пред празниците?

Божиќните и новогодишни празници со нетрпение се очекуваат и сите уживаме во празничната еуфорија која расте.

kako-brzo-i-efikasno-da-go-sredite-domot-pred-praznicite-01.jpg

Но, освен еуфоријата која расте за прославите и времето поминато со блиските, се зголемуваат и обврските.

Готвење, подготвување, украсување, местење трпеза и најважно од сѐ, чистење на домот.

Во овој период сите сакаме да го прочистиме домот, како заради нас, така и затоа што постојано очекуваме гости и треба да биде чисто за да оставите добар впечаток.

Секако, на никого не му е лесно тоа во текот на овие денови, но што се мора, се мора, па затоа барем обидете се да го направите тоа правилно без да губите време на непотребни делови од домот.

Неколку совети за претпразничното чистење:

Детално исчистете го влезот во домот

Без разлика дали живеете во стан или куќа, влезот и ходникот се првото нешто што секој го забележува кога ќе влезе.

Детално избришете ја влезната врата, тргнете ги пајажините ако се насобрале по ќошевите и исчистете го делот каде ви стојат чевлите и шкафчињата во ходникот.

kako-brzo-i-efikasno-da-go-sredite-domot-pred-praznicite-02.jpg

Фокусирајте се на кујната

Кујната е можеби и најважната просторија во домот за време на празниците, со оглед на тоа што таму ќе поминете многу време подготвувајќи храна, па не би било пријатно сите тие масни дамки и трошки да останат и за време на прославата.

Трудете се кујната постојано да биде чиста и после секое готвење да пребришувате и да ги миете садовите. Во ова најмногу може да ви помогне сода бикарбона која беспрекорно ги отстранува масните дамки и непријатните мириси.

kako-brzo-i-efikasno-da-go-sredite-domot-pred-praznicite-03.jpg

Посветете се и на бањата

Уште една просторија во домот која никако не смеете да ја запоставите или површно да ја исчистите.

Детално избришете ги кадата, туш кабината, wc школката, мијалникот и плочките, како и огледалото. Посветете се и на декорациите во купатилото – додадете декоративни елементи и сетови или ставете пешкири со новогодишни мотиви.

kako-brzo-i-efikasno-da-go-sredite-domot-pred-praznicite-04.jpg

Дневна соба

Просторијата каде всушност ќе се собирате сите и ќе уживате во новогодишните празници секако дека мора да биде средена и чиста.

Поминете ги со правосмукалка сите површини, избришете ја прашината од сите површини, дури и од најмалите ситници и што е најважно, тргнете ги сите непотребни работи и задржете се само на новогодишни декорации и неопходни предмети.

Секако, и останатите простории, како спалните и детските соби, треба да бидат средени, но најважно е прво да се фокусирате на ходникот, дневната, кујната и бањата, за гостите да имаат најдобар впечаток за вас во просториите во кои ќе ги поминуваат празниците со вас.

kako-brzo-i-efikasno-da-go-sredite-domot-pred-praznicite-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Седум работи во домот кои треба да ги фрлите (сега откако помина Божиќ) Штом поминале неколку денови од Божиќ и Бадник, време е да ја фрлите преостаната...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава