Време за пролетна „генералка“ - како да го светнете домот во 10 лесни чекори?

Нормално, ќе треба да чистите. Не постои магичен рецепт како домот би се довел во ред и би блеснал, доколку не се потрудите.

Vreme-za-proletna-generalka-01.jpg

Но, во секој случај потребна ви е листа на чекори со чија помош полесно ќе го светнете домот.

Со цел да ги завршите сите работи методично и навремено и да уживате во вашиот дом, еве со што треба да започнете:

Светнете ја туш кабината или кадата

Добро испрскајте ги со средство за чистење (кое во својот состав најдобро е да содржи оцетна киселина и сода бикарбона). Оставете да делува од 20 до 30 минути, а потоа исчистете со крупна пластична четка и топла вода.

Vreme-za-proletna-generalka (10).jpg

Организирајте ги книгите

Ништо не оддава толку несреден дом колку расфрлани и лошо наредени книги. Доколку имате домашна библиотека, извадете ги сите книги од полицата, добро пребришете ја и оставете да се исуши.

Потоа, внимателно забришете ги книгите и одберете начин како ќе ги подредите – по големина, боја, жанр или автор.

Внимавајте само да не ги наводените при бришењето или да ги ставите на неисушена површина.

Vreme-za-proletna-generalka (1).jpg

Фрлете ги козметичките производи со поминат рок

Ние тука би го прошириле списокот и со оние кои не ги користите. Доколку се сè уште употребливи, а не сте ги користеле подолго од 3 месеци, едноставно – подарете ги некому. Остатокот од производите со поминат рок оди директно во отпад.

Навистина немате потреба од 3 стари исушени маскари за трепки или 5 кармини што не ги употребувате никогаш, нели?

Vreme-za-proletna-generalka (9).jpg

Средете ги фиоките

Не е доволно само видливите места во домот да бидат исчистени, потребно е и просторот за складирање да биде доведен во ред. Затоа, одвојте време и трпение да ги средите фиоките.

Бидејќи сите ние имаме такви фиоки кои „вријат“ од непотребни ситници: стари билети, ластичиња, полначи за телефони кои не ги употребуваме.

Рециклирајте и средете го хаосот.

Vreme-za-proletna-generalka (4).jpg

Исчистете го тапацираниот мебел

Редовно забораваме да им посветиме внимание и хигиена на гарнитурата на која седиме, фотелјите или пак трпезариските столчиња кои се тапацирани.

Одберете специјален и неагресивен шампон за ваков тип на мебел. Според упатството направете раствор (кој најчесто се одликува со густа пена).

Со нов, чист и мек сунѓер поминете ги тапацираните површини и оставете добро да се исушат. Со специјалната четка од правосмукалката за мебел поминете го истиот и почувствувајте ја разликата.

Vreme-za-proletna-generalka (7).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...

Најчитани неделава