12 работи без кои вашиот дом ќе биде поубав, а вие посреќни

Предмети што прават мрачен амбиент

Масивните завеси даваат аристократски изглед на просторот како во замок, но во стан со типична големина само визуелно го намалуваат просторот. Истото важи и за темните парчиња мебел.

Тие го прават просторот мрачен, а вам во секојдневието ви е потребна светлина и ведрина.

12-raboti-bez-koi-vashiot-dom-kje-bide-poubav-a-vie-posrekjni-08.jpg

Резерви на слатки работи

Според истражувањата продуктите со шеќер кои ви стојат на масата ви го зголемуваат нивото на стрес.

Вашите нерви ќе бидат помирни ако немате „залиха“ со колачиња на масата. Ќе бидете во помало искушение ако тие се во плакарот.

12-raboti-bez-koi-vashiot-dom-kje-bide-poubav-a-vie-posrekjni-07.jpg

Финансиски документи

Разни договори, извештаи за кредитни картички и другите документи поврзани со финансиите нема потреба да стојат на масата. Внимателно селектирајте ги и ставете ги во фиока.

Плус, со модерната технологија лесно можете да правите проверки за некои работи од овој тип преку интернет.

12-raboti-bez-koi-vashiot-dom-kje-bide-poubav-a-vie-posrekjni-06.jpg

Огледала

Истражувањата покажуваат дека колку почесто се гледате во огледало, толку ви се поголеми комплексите.

Огледалата на сите страни им го расипуваат расположението дури и на најубавите луѓе. Не ризикувајте, заменете ги огледалата со уметнички дела.

12-raboti-bez-koi-vashiot-dom-kje-bide-poubav-a-vie-posrekjni-05.jpg

Непотребни работи во фиоката

Акумулацијата на ѓубре, дури и кога не е видливо, може да иритира, па затоа добро е да се ослободите од старите полначи за мобилни телефони и други работи кои повеќе не ги користите.

Сигурно нема да се откажете од сегашниот телефон и да се вратите на некоја постара верзија.

12-raboti-bez-koi-vashiot-dom-kje-bide-poubav-a-vie-posrekjni-04.jpg

Некомфорна облека и чевли

Сигурно во плакарот имате тон парчиња кои повеќе не ги носите, но никако да се ослободите од нив. Тие ви фаќаат место залудно и ви создаваат неред и нервоза.

Направете селекција и подредете ги убаво работите кои ги користите често.

12-raboti-bez-koi-vashiot-dom-kje-bide-poubav-a-vie-posrekjni-02.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...

Најчитани неделава