Корисни совети: Како да ги перете патиките во машина, без да ги оштетите?


Корисни совети: Како да ги перете патиките во машина, без да ги оштетите?

Во сезоната кога најмногу се носат бели и светли летни патики, сè што ви е потребно е да знаете како да ги одржувате чисти.

mini-korisni-soveti-kako-da-gi-perete-patikite-vo-mashina-01.jpg

Перењето и триењето со рака нема многу да ви помогне, само повеќе ќе се измачите без да постигнете посебен ефект.

Доколку сакате да ги перете во машина, а не знаете како правилно да го направите тоа за да не ги уништите, следните совети ќе ви помогнат во тоа.

Иако на прв поглед е едноставно, сепак треба да внимавате на неколку работи.

Мини совети кои ќе ви помогнат подобро да ги исперете патиките во машина:

1. Ставете по 3 лажички сода бикарбона во секоја патика и оставете ги да отстојат во текот на ноќта. Следното утро отстранете ја содата.

2. Извадете ги врвците и ставете ги во навлака или посебна торбичка за да не се уништат. Ако патиките немаат врвци, директно преминете на следниот чекор - исчистете ги со четка сите нечистотии, како кал и други остатоци.

mini-korisni-soveti-kako-da-gi-perete-patikite-vo-mashina-02 (2).jpg

mini-korisni-soveti-kako-da-gi-perete-patikite-vo-mashina-03.jpg

3. Ставете ги патиките во машина заедно со неколку пешкири (најдобро 4-6) за да направат рамнотежа и да спречат патиките да се удираат по ѕидовите.

mini-korisni-soveti-kako-da-gi-perete-patikite-vo-mashina-04.jpg

4. Користете течен детергент (ако е многу нежен материјалот ставете течен сапун) и вклучете ја машината на ладно перење. Во зависност од машината, програмата би требало да трае 30-40 минути.

5. Извадете ги патиките од машината и оставете ги да се исушат. Никогаш не ги оставајте во машина за сушење, бидејќи температурата може да го уништи лепакот, а со тоа и целата патика.

mini-korisni-soveti-kako-da-gi-perete-patikite-vo-mashina-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои може да ги перете во машина, без да се уништат Машината за перење облека може да ни помогне за перење на многу други работи, иа...
Корисни трикови за облека и чевли, заради кои животот ќе ви стане поле... Веројатно и вие паничите кога ќе забележите дамка на некое омилено парче облека ...
Корисни додатоци од AliExpress кои ќе ви го стават домот во ред На сите понекогаш ни фали по нешто во домот за полесна организација на сите потр...