5 скапи работи во домот на кои не смеете да штедите, ако сакате долгорочна добивка

Ако инвестирате паметно во некои работи во вашиот дом, ќе имате голема финансиска добивка на долг рок.  

5-skapi-raboti-vo-domot-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-01.jpg

Кога купуваме нешто цената секогаш ни игра огромна улога. Но, мора да знаете дека за некои работи вреди да одвоите добар дел од буџетот затоа што ќе бидете во добивка на долг рок.

Работи на кои не треба да штедите:

Лед сијалици

Тие се многу поскапи од обичните сијалици, но штедат многу електрична енергија. Цената на ЛЕД сијалицата, иако е 8 пати поголема од таа на обичната, сепак е мудра инвестиција.

Плус, за време на животниот век на ЛЕД сијалицата би замениле 20 обични.

5-skapi-raboti-vo-domot-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-05.jpg

Машина за кафе

Обожавате кафе? Купете си машина и имајте го ова задоволство во вашиот дом, наместо постојано да мора да седите во кафулиња.

5-skapi-raboti-vo-domot-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-02.jpg

Замрзнувач

Можеби мислите дека фрижидерот ви е доволно и немате потреба од замрзнувач, но верувајте дека имате. Ако вложите во замрзнувач, тогаш на долг рок ќе штедите така што ќе ја користите секоја зделка во супермаркетите.

Ќе купувате на попуст работи кои без проблем може долго да стојат во замрзнувачот и да ги искористите кога ќе имате потреба од нив.

5-skapi-raboti-vo-domot-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-03.jpg

Шпорет со индикциски плочи

Ќе ве чини многу, но покрај тоа што ќе изгледа модерно и ќе ви ја разубави кујната, тој ќе ви заштеди и многу електрична енергија затоа што загревањето на плочите е побрзо, а со тоа и готвењето.

На овој начин ќе ви доаѓаат помали сметки за електрична енергија.

5-skapi-raboti-vo-domot-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-04.jpg

Квалитетни прозорци

Разликата во цената помеѓу неквалитетен и квалитетен прозорец е 50-80%, но вреди да инвестирате затоа што дури 40% од губењето на топлината во нашиот дом е поради прозорците.

Ако купите квалитетни прозорци, ќе заштедите огромни суми на пари што ги давате за греење/ладење на вашиот дом на долг рок.

5-skapi-raboti-vo-domot-na-koi-ne-smeete-da-shtedite-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...

Најчитани неделава