Како да го продолжите рокот на траење на свежите букети?

Ако сте од оние кои сакаат да имаат вазна полна со свежо цвеќе, сигурно сте се соочиле со неговото кратко траење. Но, веќе не мора да биде така.

kako-da-go-prodolzhite-rokot-na-traenje-na-svezhite-buketi-01.jpg

Секако, следете ги најосновните совети, како што се сечењето на стеблата накосо, поради полесен доток на вода и не ги чувајте во близина на овошје.

Исто така, набавете професионални ножици или сечете со остар нож, бидејќи обичната ножица го гмечи и оштетува стеблото, а со тоа се намалува и апсорпцијата на вода од вазната.

Многу е важно и редовно да ја менувате водата, за да не се собираат бактерии, а секој втор ден, отсекувајте по 5 до 10 милиметри од стеблото. Отстранете ги сите листови кои биле под вода и секако, не преполнувајте ја вазната со многу цвеќиња.

obozhavate-cvetni-buketi-prodolzhete-im-go-rokot-na-traenje-na-slednive-nachini-1.jpg

Чувајте ја подалеку од овошјето, кое во процесот на созревање и ферментирање испушта етилен, кој брзо ги суши цвеќињата.

Исто така, ако земате цвеќиња од градината, не ги берете кога е премногу сончево, туку правете го тоа наутро, за да се задржи природната влага што подолго од нив.

obozhavate-cvetni-buketi-prodolzhete-im-go-rokot-na-traenje-na-slednive-nachini-2.jpg

За уште поуспешно чување на полна вазна со прекрасни цвеќиња, следете ги овие трикови:

Аспирин

Аспиринот ја намалува pH-вредноста на водата, а со тоа и ризикот за развој на бактерии и габички внатре во вазната. Доволна е една таблетка за во целата вазна. Можете дури и да ја растворите во вода и повремено да ги прскате цвеќињата со неа.

Бакарна паричка

Бакарот од монетите дејствува како средство за закиселување на средината. Заедно со паричката, можете да додадете и една лажица шеќер во водата, за да може цвеќето да добива што повеќе хранливи материи.

Вотка и шеќер

Во вазната додадете неколку капки вотка и една лажица шеќер. На овој начин цвеќето ќе биде заштитено од бактерии и габички, но и ќе се храни дополнително од шеќерот.

Имајте на ум дека ако користите вотка, треба да ја менувате водата секој втор ден и секогаш да додадете 5-6 капки вотка.

obozhavate-cvetni-buketi-prodolzhete-im-go-rokot-na-traenje-na-slednive-nachini-3.jpg

Бел оцет и шеќер

На еден литар вода во вазната се додаваат две лажици бел оцет и уште две лажици шеќер. Ова е уште еден начин да го заштитите цвеќето од бактериите што може да се создадат со неговото стоење во водата.

На овој начин, букетот сигурно ќе трае повеќе од 10 дена.

Газиран сок и лимон

Доколку обожавате рози, тогаш запомнете дека тие, пак, обожаваат газирани пијалаци. Во водата додадете 60 милилитри газиран сок и неколку капки сок од лимон или лимета. Розите ќе останат свежи повеќе од 15 дена.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...

Најчитани неделава