Трикови кои ги решаваат летните проблеми за неколку секунди
Летото е прекрасен период од годината, но и тоа си има свои недостатоци кои нè тераат да се жалиме и за најмалите ситници.

За среќа, нечија снаодливост била толку корисна, што прераснала во трик кој може да го искористите и вие, кога ќе се соочите со истиот проблем.
Ви требаат само неколку секунди за да ги изведете, а ќе ви го олеснат животот во лето:
Доколку апостолката ви се искине, зацврстете ја со металниот отворач од лименката.

Кога ќе сакате да го спакувате омиленото ланче за на одмор, протнете го низ една цевка за да не се заплетка.

Ако патиките ги носите на боса нога и попримиле непријатен мирис, испрскајте ги со сув шампон пред да ги облечете следен пат.

За косата која се допира до вратот да остане сува на високите температури, нанесете антиперспирант по вратот.

Очилата за сонце може да бидат супер држач за смартфонот.

Доколку летувате покрај вода, на клучевите ставете им тапа од вино за да го спречите нивното потонување и губење во вода.

Работите кои сакате да ги понесете на плажа ставете ги во торбичка за перење облека со дупчиња кои ќе го пропуштат песокот.

Наместо да ги носите целите пакувања, козметиката може да ја ставите во вакум кесички. Сепак, бидете внимателни при подолготраен транспорт.

Доколку сакате храната да остане ладна подолго, помеѓу неа ставете смрзнато кујнско сунѓерче.

За да не се борите со пешкирот на плажа, наполнете 4 вакум кесички со песок и ставете ги на ќошињата.

Парите и важните предмети чувајте ги во стари шишиња од козметика.

За сандалите да не ви се тријат и да не ви прават плускавци, премачкајте го местото со антиперспирант во стик.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода
Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода
Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната
Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна
Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови
Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...