Како трошите повеќе вода, која ве чини многу пари?

Водата за пиење веќе станува скапоценост во многу делови од светот, но ние луѓето и понатаму се однесуваме неодговорно со неа.

kako-troshite-povekje-voda-koja-ve-chini-mnogu-pari-001.jpg

Иако штедењето вода е нешто што го учиме уште од најрана возраст, се чини дека на глобално ниво тоа знаење ни користи само за да добиеме добра оценка на училиште.

Дали знаете дека одгледувањето собни растенија нетипични за климата и неисправни чешми може да ве чинат многу пари?

Оставате да „истече“ чешмата за да дојде поладна вода

Залудно потрошени литри вода се губат со секое „истекување“, отприлика 1,5 до 3 литри во минута. Ако сакате ладна вода, ладете ја во фрижидер.

Имате старо казанче

Старите тоалетни казанчиња трошат повеќе литри при испуштање. Поекономично ви е да купите ново казанче, бидејќи потрошувачката значајно ќе се намали.

Одгледувате растенија нетипични за климата каде живеете

Ако некое растение не успева природно во вашето поднебје, вие само залудно трошите вода за негово огледување. Никогаш нема да биде доволно, а нема ни да го постигнете саканиот изглед.

Се туширате под млаз

Ако ја запирате водата секогаш кога се шампонирате или кога нанесувате гел за туширање, заштедувате и до 1.500-1.700 литри вода годишно.

Не ги поправате чешмите што капат

Иако капките ви изгледаат како незначајна количина, вие всушност на тој начин трошите и по 40-50 литри повеќе дневно. Тоа е еднаква количина вода како за четири (економични) туширања.

Пуштате полупразна машина и за садови и за перење

Поновите модели имаат програма за половина капацитет, со намалена потрошувачка. Но, доколку немате таква програма, залудно фрлате помеѓу 4 и 10 литри, во зависност од моделот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава