8 начини како да заштедите и да плаќате помали сметки во зима

Зимата е синоним за прекрасни снежни погледи низ прозорецот, топол чај, топла супа и меко ќебе, но исто така и за високи сметки кои ви ги овозможуваат сите претходно набројани удобности.

8-nacini-kako-da-zastedite-i-da-plakjate-pomali-smetki-vo-zima-001.jpg

Па, како да не ве боли глава кога ќе дојде време за плаќање на сметките во ладните месеци, без да си го нарушите комфорот?

Имаме 8 ефикасни начини кои барем малку ќе го олеснат вашиот семеен буџет:

1. Одвреме – навреме исчистете ги светилките

Ако забележите дека светлото во собата почнува да се придушува, обидете се да ги извадите светилките и да ги исчистите. Ова посебно важи за светилките во кои лесно се собираат мушички и летечки инсекти.

8-nacini-kako-da-zastedite-i-da-plakjate-pomali-smetki-vo-zima-1.jpg

2. Користете капаци при готвењето

Не дозволувајте пареата да излезе од тенџерето. Користејќи капаци при готвењето, заштедувате 60% од потребната електрична енергија за храната да биде зготвена.

Исто така, бирајте ги соодветните садови според големината на ринглата.

8-nacini-kako-da-zastedite-i-da-plakjate-pomali-smetki-vo-zima-2.jpg

3. Одмрзнувајте ја храната без да користите микробранова

Одмрзнувањето на храната е возможно и без помош од микробрановата. На пример, ако испланирате што ќе ручате „од денес за утре“, храната може да се одмрзнува во сад преку ноќ.

Исто така, плакнењето со вода е ефективен начин да го одрмзнете месото.

8-nacini-kako-da-zastedite-i-da-plakjate-pomali-smetki-vo-zima-3.jpg

4. Не ја отворајте рерната кога печете

Додека печете, држете ја рерната постојано затворена. Ако ја отворите само на 30 секунди, температурата се намалува за цели 150 степени целзиусови, па храната побавно ќе се испече.

Вклучете ја светилката и следете ја состојбата низ стаклото.

8-nacini-kako-da-zastedite-i-da-plakjate-pomali-smetki-vo-zima-4.jpg

5. Одбирајте светли бои за ентериерот

Колку и да ви делуваат привлечно темните тонови, не се најпаметно решение, посебно во месеците кога недостасува сончева светлина.

Светлите ѕидови и мебел прават полесно да се рефлектира светлината и со тоа да се осветли целиот простор со помалку електрична енергија.

8-nacini-kako-da-zastedite-i-da-plakjate-pomali-smetki-vo-zima-5.jpg

6. Редовно чистете ја правосмукалката

Полната правосмукалка влече повеќе електрична енергија, па затоа важно е да ја чистите редовно.

8-nacini-kako-da-zastedite-i-da-plakjate-pomali-smetki-vo-zima-6.jpg

7. Бокалот за греење вода ви е најдобар пријател

Поекономично е да загреете вода во бокал, отколку да запалите рингла 5-10 минути. Истурете толку колку што ви треба и имате врела вода за чај, кафе или за инстант храна.

8-nacini-kako-da-zastedite-i-da-plakjate-pomali-smetki-vo-zima-7.jpg

8. Наполнете го замрзнувачот

Замрзнувачот не би требало да биде празен. Кога ја отворате вратата, полесно се топли доколку е празен, па потребна му е дополнителна електрична енергија за да се олади на потребната температура.

Не заборавајте и на редовното чистење. Наталожениот мраз по ѕидовите само црпи дополнителна електрична енергија.

8-nacini-kako-da-zastedite-i-da-plakjate-pomali-smetki-vo-zima-8.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
5 начини да ја претворите трпезаријата во пријатно катче, со малку пари Главниот фокус нека ви биде на осветлувањето и текстилот (материјалите), а потоа...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава