Како свежото цвеќе да трае подолго во домашен амбиент?

Вазна полна цвеќе во вашата дневна соба е душа полна љубов и опојни мириси. Но токму тогаш кога ќе почнете да се заљубувате во глетката, цвеќето се суши оставајќи ве да размислувате за минливата природа на среќата и животот.

Kako svezoto cvekje da trae podolgo vo domasen ambient 01

Тешко е да се разделите од нешто што сте го купиле со толку мерак, но постојат начини како свежото цвеќе да го одржите подолго во живот.

Чувајте го цвеќето подалеку од овошје

Зрелите плодови произведуваат етилен - гас што го забрзува процесот на созревање на цвеќињата. Ова е причината зошто цвеќињата на вашата трпезариска маса не траат повеќе од еден ден.

Следниот пат кога ќе купите или добиете аранжман од свежо цвеќе нека тоа биде точка на фокус наместо чинијата полна овошје.

Чувајте го цвеќето подалеку од цвеќе

Не, не се работи за грешка во пишување, добро прочитавте. Некои цвеќиња не се „поднесуваат“ едни со други, како на пример нарциси и лалиња - тие едноставно не припаѓаат заедно. Нарцисите излачуваат сок кој е токсичен за сите други цвеќиња и може веднаш да ги убие. 

Kako svezoto cvekje da trae podolgo vo domasen ambient 02

Чувајте го цвеќето подалеку од сонце

На секое растение му е потребна соодветна сончева светлина, влага и топлина за да расте и да цвета. Но не и на отсеченото свежо цвеќе. Ваквите цвеќиња треба да ги чувате подалеку од директна сончева светлина, вентилација или грејно тело за да спречите изложување на непотребна топлина и влага.

Погрижете се за нив колку што е можно побрзо

Букетите од свежо цвеќе може да имаат влажен сунѓер за да ги одржува живи подолго време. Доколку не сте во можност да го отстраните веднаш, влажноста на овој сунѓер треба да се одржува се до моментот кога ќе бидете во можност да го отстраните заедно со какви било ленти, хартии и останати декорации. Исечете ги и сите скапани делови од стеблата, но никако не го правете тоа рачно туку со градинарски ножици.

Наполнете ја вазната со 250 милилитри млака вода, додадете две лажици шеќер и две лажици бел оцет. Шеќерот ќе го нахрани цвеќето и ќе му овозможи да расцвета, додека оцетот ќе се погрижи да ги уништи сите бактерии кои ќе се обидат да наштетат.

Дополнително, може да ги попрскате со лак за коса за да ја задржат свежината подолго.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Како најлесно да ги средите фиоките со облека (и да се ослободите од хаосот)? Ако наутро најпрво вежбате, можеби хеланките и спортските градници треба да ви б...
Како најлесно да ја исчистите завесата во бањата? Ако забележите нечистотии или мувла на завесата за туширање во вашата бања, не з...
Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
Трикови со кои предметите и храната во домот ќе ви траат подолго (и ќе ви заштедат пари) Чувајте го лебот во фрижидер за да ви трае подолго, а облеката перете ја преврте...
Најчестите грешки при користење продолжен кабел (може да предизвикаат пожар) Никако не приклучувајте греалка на продолжен кабел – на овој начин настануваат п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg