Пет корисни трикови за чистење (што не ги знае ни вашата баба)
Исчистете ја скарата на жар со обичен кромид, а за загорените тави и тенџериња ќе ви помогне алуминиумска фолија.

Ретко кој ужива во чистењето, но за жал ова е една од обврските што никако не можеме да ги прескокнеме.
Па, нормално, сите сакаме некако да си го олесниме целиот процес.
Пет трикови за чистење што ќе ви се најдат:
Соберете ги влакната од миленикот со бришач за стакло со гума
Бришачите за стакло со гума се идеални за отстранување на влакна од тепих.
Откако ќе го поминете тепихот со правосмукалка, само соберете ги влакната со бришачот.
Влакната се „лепат“ на гумата, па многу полесно ќе ги извадите отколку со четка.
Исчистете ги загорените тави со алуминиумска фолија
Наместо да триете со жичка, можете да ги исчистите загорените тави со алуминиумска фолија.
Направете топче од фолијата, ставете малку топла вода во тавата и истријте ја.
Овој трик може да ви помогне и да ги исчистите садовите за готвење од надворешната страна.
Вотка за дезинфекција на душекот
За да го дезинфицирате душекот, во шише со распрскувач ставете вотка и испрскајте го, па оставете го да се исуши.
Вотката нема мирис, а алкохолот во неа ќе ги уништи бактериите.
Исчистете ги венецијанер ролетните со штипка за храна
За лесно да ги исчистите венецијанер ролетните, на кујнската штипка ставете сунѓерчиња или микрофибер крпи.
Потоа само поминете ги ролетните како на илустрацијата.
Исчистете ја скарата со кромид
Лесно можете да ја исчистите скарата на жар со најобичен кромид бидејќи има антисептички својства.
Откако скарата ќе се загрее, пресечете кромид на половина и ставете го на долга виљушка.
Потоа со пресечениот дел само поминете ја скарата. Со ова ќе ја отстраните и загорената храна, а притоа нема потреба да ја плакнете со вода.
Спирова С. | Црнобело