Зошто не треба да носите исти чевли два дена по ред + како да се ослободите од миризбата?

Како и повеќето, веројатно и вие имате омилен пар чевли што сакате да ги носите во секоја можна прилика. Но, не би требало да го носите истиот пар чевли неколку дена по ред, и тоа од неколку причини.

zoshto-ne-treba-da-nosite-isti-chevli-dva-dena-po-red-kako-da-se-oslobodite-od-mirizbata-01.jpg

Доколку ги носите истите обувки два дена по ред, тие можат да се рашират и да се оштетат многу побрзо. Покрај тоа, материјалите што се наоѓаат во внатрешноста на повеќето спортски модели ја впиваат потта од стапалата.

Потењето на стапалата е сосема нормална појава, особено во текот на летото, па би требало да им оставите време на вашите чевли да се исушат до следното носење.

Доколку пак станува збор за патики или какви било спортски обувки со кои вежбате, ова правило е уште поважно.

Потта што се апсорбира во обувките создава совршена околина за развивање на непријатен мирис, па доколку не можете веднаш да ги исперете чевлите, оставете ги барем да се исушат од влагата.

Доколку и тоа не помага да се ослободите од непријатниот мирис, постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да ги освежите. 

Како да се ослободите од непријатниот мирис во чевлите?

Есенцијално масо од лаванда

Есенцијалното масло од лаванда има антибактериски својства и има пријатен мирис. Доволно е да додадете само неколку капки во вашите обувки за да ја забележите разликата.

Памук

Етеричното масло можете да го нанесете и со помош на памук, а најдобро е да користите масло од лимон или некое друго цитрусно овошје. Натопениот памук ставете го во обувките, оставете го да отстои во текот на ноќта и следниот ден непријатниот мирис ќе исчезне.

zoshto-ne-treba-da-nosite-isti-chevli-dva-dena-po-red-kako-da-se-oslobodite-od-mirizbata-003.jpg

Весник

Хартијата од весникот ја впива влагата и непријатните мириси. Сè што треба да направите е да направите купче од весници и да го ставите во вашите чевли за ја ја впие влагата.

zoshto-ne-treba-da-gi-nosite-istite-obuvki-dva-dena-po-red-i-kako-da-se-oslobodite-od-neprijatnite-mirisi-02.jpg

Мелено кафе

И меленото кафе одлично ги апсорбира непријатните мириси. Во тенок памучен или чорап од најлон ставете малку кафе, а потоа ставете го во обувките и оставете го кафето да отстои преку ноќ.

Бидете внимателни со овој метод, бидејќи доколку дојде во контакт со ткаенината од обувките, кафето може да остави дамки.

Сода бикарбона

Зрната на сода бикарбоната ги впиваат мирисите. Во вашите обувки ставете малку сода бикарбона и оставете ја внатре што е можно подолго. Потоа само истресете го правот и мирисот ќе исчезне.

Замрзнувач

И вашиот замрзнувач може да ви помогне да се ослободите од непријатниот мирис. Ниската температура во замрзнувачот ќе ги убие бактериите што предизвикуваат непријатен мирис.

Ставете ги обувките во пластична кеса и оставете ги во замрзнувачот преку ноќ.

zoshto-ne-treba-da-nosite-isti-chevli-dva-dena-po-red-kako-da-se-oslobodite-od-mirizbata-004.jpg

Кора од лимон

Доколу влажноста не е причината за лошиот мирис, ќе ви се најдат корите од лимон. Ставете неколку парчиња кора од лимон во вашите чевли и оставете ги преку ноќ. Ова ќе им даде свежа арома на чевлите.

Алкохол

Овој метод ќе ви помогне да ги отстраните сите извори на непријатните мириси. Алкохолот не само што е антисептик, туку и испарува навистина брзо.

Кога ќе го нанесете на други извори на влага, и тие ќе испарат побрзо. Сè што треба да направите е да ја испрскате внатрешноста на обувките со малку алкохол.

Спиров С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
8 трикови со кои кујната нема да биде во хаос откако ќе завршите со готвење Однапред извадете ги сите состојки и сите садови што ќе ги користите, а штом ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg