Колку често и како треба да го чистите вашиот фрижидер?

Како еден од најупотребуваните делови во домот, фрижидерот навистина трпи многу. Во него се истура храна, се забораваат остатоци од оброкот и постојано се надополнува со половина празни пакувања. 

kolku-chesto-i-kako-treba-da-go-chistite-vashiot-frizhider-01.jpg

Ова значи дека фрижидерот бара и многу чистење.

Во продолжение дознајте како и колку често треба да го чистите вашиот фрижидер.

Што треба да чистите секој ден, а што секоја недела?

За да ги избегнете лепливите површини и лошиот мирис, бришете ги рафтовите на фрижидерот и фиоките барем еднаш неделно. Исто така добро е да ја фрлате расипаната храна и да ја исчистите внатрешноста на фрижидерот пред да купувате нови намирници.

Доколку нешто се истури во фрижидерот, обидете се да го исчистите веднаш. Во овој случај ќе ви доволно е само влажна крпа или сунѓер. Доколку ги оставите дамките, тие ќе се стврднат и само ќе ви создадат дополнителна работа.

Чистете го надворешниот дел од фрижидерот на секои неколку денови. Отстранете ги дамките од прсти и храна, а особено внимание обрнете ѝ на рачката.

kolku-chesto-i-kako-treba-da-go-chistite-vashiot-frizhider-02.jpg

Што треба да чистите повремено?

Горниот дел од фрижидерот понекогаш станува место за оставање секакви предмети. Па кога ќе забележите дека сте ставиле премногу работи врз него, исчистете го.

На неколку месеци исчистете го просторот под фрижидерот. За ова најдобро е да го поместите целосно и темелно да исчистите. Пред да го вратите, добро исчистете го подот со средство.

Понекогаш и на гумите за изолација може да остане храна. Најдобро е да ги исчистите со влажна крпа и средство за садови.

kolku-chesto-i-kako-treba-da-go-chistite-vashiot-frizhider-03.jpg

Совети за длабинско чистење

- На секои неколку месеци, направете „генералка“ во фрижидерот.

- Најпрво испразнете го фрлете го она што е расипано. Доколку нешто е блиску до рокот на истекување, можете да го складирате во замрзнувач.

- Фиоките и рафтовите исчистете ги со сунѓер и средство за садови. Деловите што се вадат можете да ги исчистите посебно. На крај испрскајте малку оцет разреден со вода за дезинфекција и за намалување на непријатниот мирис.

- Важно е да го исчистите и кондензаторот кој се наоѓа на задната страна од фрижидерот. Овде често се собира прашина кој може да ја намали ефикасноста на уредот. Кога ќе го чистите овој дел, исклучете го фрижидерот и исчистете го кондензаторот со посебна четка или со правосмукалка.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...

Најчитани неделава