Трошиме пари и простор за нив, а се тотално непотребни – што треба да престанеме да купуваме засекогаш?

Листата може да ја сфатите како почетнички водич на минималистичкиот живот, но и прирачник за подобро и помалку стресно живеење. Бидете сигурни дека ќе заштедите многу пари и нема постојано да се прашувате каде да ги складирате вишокот предмети.

Troshime-pari-i-prostor-za-niv-01.jpg

Опседнати сме со купување, вистинска консумеристичка нација, но само затоа што нештото е на попуст, дали мора да се купи по секоја цена?

 Што треба да престанеме да купуваме засекогаш?

Облека што е на попуст и во тренд

Натписите со огромни букви ПОПУСТ магнетски ве привлекуваат, и иако немате реална потреба од нова облека, влегувате „само да разгледате“, а излегувате со 3 полни кеси.

Плакарите ни крцкаат од премногу облека со просечен квалитет или од парчиња кои некогаш биле во тренд, а денес се вистинско демоде. Подобро е да имате 5 класични и квалитетни парчиња облека отколку 50 неупотребливи, нели?

Ситници и сувенири

Секако, таа рамка за слика е она што мислите дека ви е потребно да го комплетирате домот, таа стаклена топка или генерички сувенири донесени од различни патувања.

Вистината е дека работите брзо ни здосадуваат, трошиме непотребно пари на нив, зафаќаат простор и бараат одржување. Кој е најдобриот начин да зачувате некој спомен од патувањето? Фотографијата. Доволно е, точка.

Полузамрзната храна, готови салати, сокови и смути

Која е поентата да купите исечкана салата 3 пати поскапа од реалната цена на зеленчукот кој ви е потребен за да си направите поголема, поубава и поздрава салата дома? Истото важи и за цедените сокови и смутито во кое реално не знаете што има во составот.

Полузготвената и полузамрзнатата храна е само уште една навика која лошо се одразува на здравјето и буџетот.

Премногу шминка

Што се однесува до купувањето премногу шминки, еве ја вистината: никогаш нема да ги дотрошите, ќе ги фрлите поради истечен рок, зафаќаат премногу простор, фаќаат прашина и – никому не му се потребни 25 кармини во животот.

Најновите гаџети

Едноставно не можете да се натпреварувате со технологијата, таа секогаш ќе биде побрза од вас. Немојте по секоја цена да настојувате да го имате најновиот компјутер, телефон, паметен часовник, особено доколку старите си работат одлично.

Навистина немате потреба од нови и нови гаџети, додека старите кои функционираат ги трупате во ќоше.

Играчки за децата

Колку повеќе играчки–толку помалку имагинација. Запрашајте се – колку играчки има и добива вашето дете?

Веројатно не им го знаете бројот, веројатно се сопнувате насекаде од нив, веројатно им здосадуваат за помалку од 3 дена и НАЈВЕРОЈАТНО на крајот ќе ја фрлите сета таа пластика во контејнер.

30 различни средства за чистење

Средство за тоалетот, за кујната, за рерната, за фрижидерот, за ламинатот, за дрвените површини, за стакло, за… за што веќе не? Најголем дел од работите одлично се чистат со сода бикарбона, оцет, лимон и вода.

Пластични кеси, четки за заби, цевки за пиење…

Секако, нема да успеете сами да ги сопрете климатските промени и глобалното затоплување, ниту пак да направите радикални измени во вашиот живот преку ноќ, но сепак дури и најмалите чекори значат многу за планетата Земја.

Не купувајте пластични ќеси – носете си торби за пазарување. Наместо пластични, користете четки од бамбус или дрвени четки за заби. Наместо пластични цевки за пиење употребувајте иноксни итн.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата, а гумата за...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg