Кои работи треба да ги перете почесто, а кои поретко?

Навлаки за перници и чаршафи

На постелнината на креветот се собира прашина, мртва кожа, бактерии и разни микроорганизми. Па, за да избегнете здравствени проблеми, перете ја постелнината на секои 10 дена.

Особено внимание обрнете на навлаките за перници, бидејќи тие се валкаат најмногу и перете ги на секои 5 дена.

kolku-chesto-treba-da-ja-perete-oblekata-i-rabotite-vo-domot-06.jpg

Ќебе и прекривач за кревет

Нема потреба да го перете прекривачот за креветот секоја недела. Доволно е да го перете на секои два месеци.

Ќебињата од друга страна, треба да се перат почесто, односно еднаш месечно.

kolku-chesto-treba-da-ja-perete-oblekata-i-rabotite-vo-domot-07.jpg

Јакна и капут

Јакните треба да ги перете на трите месеци и не почесто. Истовремено, секогаш перете ги со студена вода.

Но, повеќето капути не се перат, па немојте никако да ги ставате во перална. Доколку го извалкате, прочитајте ја етикетата или однесете го на хемиско чистење.

kolku-chesto-treba-da-ja-perete-oblekata-i-rabotite-vo-domot-08.jpg

Перница и јорган

Бидејќи нечистотиите од кожата и косата навлегуваат во перницата преку навлаката, таа може да стане погодно место за развој на габи. Најдобро е да ги перете перниците на секои 3 месеци.

Јорганите не се валкаат колку перниците, па доволно е да ги перете на 6-те месеци.

kolku-chesto-treba-da-ja-perete-oblekata-i-rabotite-vo-domot-09.jpg

Драперии и завеси

Драпериите се од подебел материјал и доволно е да ги перете еднаш годишно. Но, важно е редовно да ги чистите со правосмукалка.

Тенките завеси од друга страна, лесно ги апсорбираат нечистотиите, па перете ги најмалку еднаш на секои 6 месеци.

kolku-chesto-treba-da-ja-perete-oblekata-i-rabotite-vo-domot-10.jpg

Извор



Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...

Најчитани неделава