Вапцање на пареа – Нова техника со која нема да си ги обоите рацете

Ни се ближи Велигден, па време е да се потсетиме на техники за креативно да ги офарбаме овогодинешните јајца, со оглед на тоа што повеќето веќе сме дома и имаме „вишок“ време.

vapcanje-na-parea-nova-tehnika-so-koja-nema-da-si-gi-oboite-racete-01.jpg

Ви предлагаме да пробате нова техника која не е ниту комплицирана, ниту скапа.

Јајцата сварете ги ден претходно, пред да ги фарбате.

Кога добро ќе се изладат, може да почнете со нивно боење. Земете повеќе кесички во шарени бои.

Јајцата пропрскајте ги со оцет, па распоредете ги на метална цедилка.

vapcanje-na-parea-nova-tehnika-so-koja-nema-da-si-gi-oboite-racete-04.jpg

Наполнете едно тенџере со вода, па ставете ја цедилката. Јајцата не смее да се допираат со водата. Ставете на рингла.

Додека водата се загрева, отворете ги кесичките со саканите бои и пропрскајте ги јајцата. Кога ќе ги ставите сите бои, повторно пропрскајте ги јајцата со оцет, за да почнат да се растекуваат. Но, не претерувајте со количината.

vapcanje-na-parea-nova-tehnika-so-koja-nema-da-si-gi-oboite-racete-02.jpg

Покријте го садот и оставете ги јајцата на тивок оган. Пареата ќе си ја направи магијата.

Кога јајцата ќе бидат обоени, може да ги исплакнете под млаз вода. Оставете да се исушат, пребришете со малку зејтин и поставете ги во кошницата.

vapcanje-na-parea-nova-tehnika-so-koja-nema-da-si-gi-oboite-racete-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...

Најчитани неделава