Ситници поради кои вашиот дом изгледа „евтино“ и кич


Ситници поради кои вашиот дом изгледа „евтино“ и кич

Луѓето отсекогаш сакале да имаат удобен и пријатен дом, а истото важи и денес.

sitnici-poradi-koi-vashiot-dom-izgleda-evtino-01.jpg

Факт е дека не секој може да си дозволи луксузен стан или куќа, но понекогаш, дури и да го имате најскапиот мебел, некои ситници прават вашиот дом да изгледа „евтино“ или кич.

Истовремено, нема потреба да го реновирате домот за да го освежите неговиот изглед. Сè што треба да направите е да се ослободите од некои работи, кои сигурно не ви се потребни, и само го нарушуваат изгледот на домашниот простор.

Погледнете за кои станува збор:

Постелнина од различни комплети

Кога ќе постелите чаршаф со еден дезен, а ќе ставите навлаки од сосем друг комплет, спалната соба сигурно нема да изгледа добро.

Подобро имајте само два комплета со чаршаф, навлаки и прекривка, отколку еден куп што не одговараат едни со други.

sitnici-poradi-koi-vashiot-dom-izgleda-evtino-02.jpg

Магнети на фрижидерот

Магнетите се одличен начин да се потсетите на патувањата, но подобро чувајте ги на друго место. Или, ако сепак сакате да ви стојат на фрижидерот, барем организирајте ги и направете некаков ред.

sitnici-poradi-koi-vashiot-dom-izgleda-evtino-03.jpg

Сатенски прекривки

Овие прекривки не се квалитетни и нивните дезени се многу застарени. Истовремено, речиси невозможно е да ги испеглате.

sitnici-poradi-koi-vashiot-dom-izgleda-evtino-04.jpg

Различни капаци за тенџериња и тави

Ослободете се од капаците кои не одговараат на тенџерињата и тавите во вашата кујна. Секое тенџере се продава со капак, па користете го тој.

sitnici-poradi-koi-vashiot-dom-izgleda-evtino-5.jpg

Стари теписи и ќебиња како прекривки

Ако користите стари ќебиња како прекривки или стари теписи, ќе ја уништите и најмодерната дневна соба.

sitnici-poradi-koi-vashiot-dom-izgleda-evtino-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Трик за чистење со кој белите патики ќе изгледаат како нови Без разлика каков модел се и во кој стил спаѓаат, едно е сигурно – важно е патик...
11 лекции кои треба да ги научите пред да се селите во нов дом Преселувањето од еден во друг дом не е воопшто лесно, па затоа треба да ги слуша...
Топ 5 работи во домот на кои не смеете да штедите дури и кога сте „кнап“ со пари Од прозорци до добра инсталација, кога опремувате или реновирате дом на кои рабо...

Најчитани неделава