Кои мириси привлекуваат среќа, пари и љубов во домот?

Дали знаете дека може да привлекувате љубов, пари и среќа со одредени мириси во домот, исто како и со мирис на местата на телото каде што се сместени чакрите?

koi-mirisi-privlekuvaat-sreka-pari-i-ljubov-vo-domot-01.jpgфото: depositphotos.com

Мирисите сами по себе имаат голема моќ, а кога таа ќе се здружи со енергијата која зрачи од 7-те чакри, може да ви помогнат да постигнете многу.

Ароматерапијата е древна исцелителска метода и според Фенг Шуи мирисите се манифестација на енергијата на просторот во кој се престојува.

Најважно е домот да мириса на чисто, сите останати мириси создаваат негативна енергија. Многу е важно просторот во кој се живее, да се проветрува често.

koi-mirisi-privlekuvaat-sreka-pari-i-ljubov-vo-domot-02.jpg

Треба да избегнувате освежувачи со разни мириси и хемикалии. Природните мириси имаат предност, особено цвеќињата.

Користете природни извори на мирис – масла, свеќи, свежо цвеќе или овошје. Со етерични масла може да си направите спреј за освежување во комбинација со вода.

koi-mirisi-privlekuvaat-sreka-pari-i-ljubov-vo-domot-03.jpg

Етеричните масла со мирис на портокал привлекуваат среќа и задоволство.

Мирисот на бор привлекува пари и заштита.

Камфорот ја одбива негативната енергија.

Мирисот на лаванда носи мир.

Ако имате етерични масла со мирис на лимон, тогаш луѓето во домот ќе имаат контрола на емоциите и ментална стабилност.

Мирисот на шумско овошје привлекува пријателство и љубов во домот.

За сите кои се во потрага по искрена љубов, мирис на орхидеи и рози е вистинскиот избор.

Слатките мириси на ванила и цимет носат брачна среќа.

Прочитајте и: Бои во домот што ќе ве ослободат од стресот

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...

Најчитани неделава