Како да ги намалите трошоците во домот и да заштедите пари во непредвидливи времиња?

Сите сакаме комоција и забава, која си повлекува голем процент од големиот буџет, но кога времињата се непријатни и непредвидливи, треба да се прилагодиме.

kako-da-gi-namalite-trosocite-vo-domot-i-da-zastedite-pari-vo-nepredvidlivi-vreminja-02.jpeg

Како може да заштедите без голем напор, односно да ги трошите парите попаметно?

1. Користете картички со попусти или за собирање поени.

2. Земајте ги бесплатните промероци кои ви се нудат. Делува смешно, но секоја заштеда е заштеда.

3. Внимавајте кога ги завршувате домашните обврски кои ви трошат најмногу струја или вода.

4. Наутро, подигнете ги ролетните и тргнете ги завесите за сонцето да влезе во просториите. Навечер, затворете ги ролетните и завесите за да ја сочувате топлината.

5. Не ги грејте просториите во кои не престојувате подолго од 1-2 часа дневно.

6. Електронските уреди секогаш нека бидат исклучени, кога не ги користите.

7. Класичните сијалици заменете ги со штедливи.

kako-da-gi-namalite-trosocite-vo-domot-i-da-zastedite-pari-vo-nepredvidlivi-vreminja-03.jpg

8. Сите полначи за мобилни, таблети и останати уреди исклучете ги од струја кога не ги користите.

9. Поретко пијте кафе надвор. Дајте 100-150 денари еднократко за убав термос и во него подготвувајте кафе.

10. Носете си ручек на работа. Не купувајте секој ден.

11. Не пазарете во супермаркет кога сте гладни - така ќе потрошите повеќе од потребното. Купувајте со список.

12. Размислете какви пакети и услуги користите, кога се работи за интернет, телевизија и фиксен телефон.

kako-da-gi-namalite-trosocite-vo-domot-i-da-zastedite-pari-vo-nepredvidlivi-vreminja-04.jpg

13. Скратете на сите месечни членства кои периодов не ги користите.

14. Садовите кои ги миете на рака, прво потопете ги во топла вода и детергент, па после половина час измијте ги. Така ќе потрошите помалку вода.

15. Не ставајте топли намирници во фрижидерот и потргнете го 5-10 сантиметри од ѕидот. Исто така, вратата не ја држете предолго отворена. Сето ова штеди струја.

16. Кога готвите, намалете го греењето. Оваа активност во кујната ја зголемува температурата во целиот дом.

17. Инспирирајте се од скандинавската hygge филозофија – запалете свеќи, префрлете ќебенце и многу пернички кои ќе го стоплат просторот.

kako-da-gi-namalite-trosocite-vo-domot-i-da-zastedite-pari-vo-nepredvidlivi-vreminja-01.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...

Најчитани неделава