Како правилно да ја перете заштитната маска за повеќе употреби?

Маските веќе се дел од нашето секојдневие, па мораме да знаеме сè во врска со нив - како правилно да ги носиме, кога треба да ги носиме, но и како да ги испереме.

kako-pravilno-da-ja-perete-zashtitnata-maska-za-povekje-upotrebi-01.jpg

Како што ги миете рацете секојпат кога ќе си дојдете дома, и маската треба да ја перете почесто отколку што мислите, доколку користите од оние за повеќе употреби кои се перат. Истовремено, не заборавајте да ги измиете рацете секогаш кога ќе допрете износена маска.

Како правилно да ја извадите маската?

  1. Внимателно фатете go ластикот со кој маската ви е закачена за ушите, а не да ја допирате од надвор.
  2. Држете ја маската само за ластикот и не ги допирајте другите делови.
  3. Здиплете ја маската така што надворешниот дел ќе биде внатре.
  4. Внимавајте да не го допирате лицето откако ќе ја извадите маската и веднаш измијте ги или дезинфицирајте ги рацете.

kolku-chesto-i-kako-treba-da-ja-perete-zashtitnata-maska-02.jpg

Ако маската е за една употреба, фрлете ја откако ќе ја извадите. Ако е за повеќе употреби, ставете ја во кеса, плико или што било слично, а потоа исперете ја.

Како да ја перете маската?

Според Центарот за контрола и превенција на болести, доколку маската е од ткаенина и е за повеќе употреби, можете да ја перете и во перална, и на рака.

Во машина: Можете да ја перете маската со другата облека, користејќи го истиот прашок и детергент. Сепак, ако сте почувствителни на мириси, исперете ја маската со детергент кој нема многу силен мирис.

kolku-chesto-i-kako-treba-da-ja-perete-zashtitnata-maska-03.jpg

На рака: И кога ја перете маската на рака, доволно е да го искористите прашокот што го користите вообичаено. Ставете ја маската во врела вода со прашок и оставете ја малку да отстои. Потоа добро исплакнете со вода. Според институтот за медицина Johns Hopkins, можете и да ја истриете маската со сапуница, без да ја оставате да стои во вода. Во овој случај, препорачливо е да ја триете барем 20 секунди.

kako-pravilno-da-ja-perete-zashtitnata-maska-za-povekje-upotrebi-4.jpg

Како да ја исушите?

Според CDC, можете да ја сушите маската и во машина за сушење, но и да ја закачите.

Машина за сушење: Наместете ја машината на повисока температура, но земете го предвид материјалот за истата да не се смали и да биде неупотреблива.

„Воздушно“ сушење: Закачете ја маската или, подобро, поставете ја рамно и оставете ја целосно да се исуши. Ако сте во можност, уште подобро е ако ја оставите на директна сончева светлина.

 kako-pravilno-da-ja-perete-zashtitnata-maska-za-povekje-upotrebi-3.jpg

Спирова С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...
8 трикови со кои кујната нема да биде во хаос откако ќе завршите со готвење Однапред извадете ги сите состојки и сите садови што ќе ги користите, а штом ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg