3 најлесни начини да препознаете дали купувате вистинска или вештачка кожа

Колку и да мислите дека цената ќе ви го каже одговорот, понекогаш и парчињата од вештачка кожа знаат да имаат вртоглаво високи цени од други причини. Како да знаете што купувате или што имате дома?

3-najlesni-nacini-da-znaete-dali-kupuvate-vistinska-ili-vestacka-kozha-01.jpg

Нема да навлегуваме во делот дека од некои причини некои луѓе претпочитаат вистинска кожа, а од заштитнички причини кон животните, други се борат против ова. 

Сепак, независно каков тип на кожа сакате да купите (природна или вештачка), добро е да знаете да ја препознаете разликата за да не бидете излажани. 

Ова не мора да важи само за купување на нови парчиња, туку со ова може да проверите и некои парчиња кои веќе ги имате дома. 

Па, како да тестирате дали е вистинска или вештачка кожа?

1. Протнете игла низ материјалот

За жал, ова е тест кој може да го направите само откако ќе го купите парчето или на старо парче кое веќе го имате.

Треба да земете средно дебела игла и да се обидете да ја протнете низ материјалот.

Ако иглата тешко се пробива низ материјалот – се работи за кожа, но ако материјалот лесно се дупне и притоа се растегне, се работи за еко, односно вештачка кожа.

3-najlesni-nacini-da-znaete-dali-kupuvate-vistinska-ili-vestacka-kozha-02.jpg

2. Стуткајте и набљудувајте

Ова е метод кој може да го пробате и во продавница. Земете го коженото парче облека (или мебел) и стуткајте го со рацете.

Ако лесно се стутка и притоа не почне да се исправува во првобитната форма – тогаш се работи за вештачка кожа. Вистинската кожа подеднакво брзо се гужва и исправува, без траги.

3-najlesni-nacini-da-znaete-dali-kupuvate-vistinska-ili-vestacka-kozha-03.jpg

3. Капка вода

Само треба да го натопите прстот под вода и потоа да ја поминете површината на коженото парче за да го тестирате.

Ако водата лесно се впие во материјалот, се работи за вистинска кожа. Вештачките имитации на кожа не ја впиваат водата, туку ја одбиваат, па таа останува на површината.

3-najlesni-nacini-da-znaete-dali-kupuvate-vistinska-ili-vestacka-kozha-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...

Најчитани неделава