Како лалињата да ви издржат подолго време во вазна?

Лалињата ни најавуваат дека ни се ближи пролетта и носат посебна убавина и радост во домовите.

kako-lalinjata-da-vi-izdrzat-podolgo-vreme-vo-vazna-01 (1).jpg

Ако сте меѓу љубителите на лалиња, ова се неколку совети како да останат подолго свежи во вазната:

1. Купете млади лалиња.

Побарајте лалиња кои се затворени, со пупка, по можност да е сè уште зелена. Цветот ќе се отвори за неколку дена и ќе имате подолго време да уживате во нивната убавина.

Додека да ги ставите во вода, осигурете се дека се замотани во мокра крпа или шамивче. И да сте блиску до дома, секој момент без влажност за нив значи побрзо венеење.

kako-lalinjata-da-vi-izdrzat-podolgo-vreme-vo-vazna-03.jpg

2. Пресечете ја дршката под агол.

Пресечете ја дршката на косо, под агол од 45 степени затоа што на тој начин билката полесно ќе ја прими водата.

kako-lalinjata-da-vi-izdrzat-podolgo-vreme-vo-vazna-02.jpg

3. Отстранете ги вишокот листови.

Тие можат да скапат побрзо и да го овенат и цветот.

kako-lalinjata-da-vi-izdrzat-podolgo-vreme-vo-vazna-04.png

4. Одберете соодветна вазна.

Вазната треба да биде висока, а под вода треба да е барем половина од дршката (стебленцето). На овој начин и цветот ќе стои исправен во вазната без да се свитка надолу.

Е. П. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Пет работи кои не треба да ги чувате во шкафчето под кујнскиот мијалник Ако имате деца, никако немојте да чувате силни хемикалии во шкафчето под мијални...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...

Најчитани неделава