Кралско сини и пастелно сини - Велигденски јајца без капка хемикалија

Техника за природно добивање на сини нијанси на велигденските јајца која ќе ја користите секоја година понатаму...

kralsko-sini-i-pastelno-sini-veligdenski-jajca-bez-kapka-hemikalija-01.jpg

Ви треба само виолетова зелка со средна големина, малку сода бикарбона и малку оцет.

Зелката исечете ја на поголеми парчиња, ставете ја во длабоко тенџере, прелијте со 500ml вода и оставете да се вари 35-40 минути на тивок оган.

Јајцата сварете ги посебно со малку сол.

Сварената зелка оставете ја малку да се олади, па процедете ја водата. Поделете во две посебни лончиња.

Во едното додадете 4 лажици оцет, а во другото - лажица сода бикарбона.

Во едниот сад ќе добиете виолетова течност, а во другата темно сина. Виолетовата ја дава кралско сината боја, а од сината ќе добиете пастелна нијанса.

kralsko-sini-i-pastelno-sini-veligdenski-jajca-bez-kapka-hemikalija-02.jpg

Потопете ги јајцата во течностите, така што ќе бидат комплетно покриени. Може да отстојат околу половина час или повеќе, зависно од тоа колку интензивна боја сакате да добиете.

Една средна зелка е доволна за боење на 30 јајца. Најдобро е да користите бели јајца, за бојата да излезе поубава.

Никако не ги бришете јајцата кога ќе ги извадите од течноста, туку оставете ги сами да се исушат на парче хартија.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Пет чести грешки со кои го уништувате одводот во кујната Истурате масло во мијалникот и пробувате да ги одзатнете цевките со сода бикарбо...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...

Најчитани неделава