Анета Димовска од Скопје: „Офарбав велигденски јајца со природни бои - како изгледаше процесот?“


Анета Димовска од Скопје: „Офарбав велигденски јајца со природни бои - како изгледаше процесот?“

„Црвена зелка и куркума се дел од природните работи со кои ги фарбав велигденските јајца годинава.. Ќе се изненадите колку фарбањето со природни бои е интересно бидејќи во зависност од јајцето секоја домаќинка може да добие уникатна боја“, вели Анета.

aneta-dimovska-od-skopje-ofarbav-veligdenski-jajca-so-prirodni-boi-kako-izgledashe-procesot-01.jpg

Анета Димовска (39) од Скопје е мајка, сопруга, вљубеник во фотографијата, уредувањето на ентериерот, но и готвењето.

Таа за CRNOBELO.com споделува како бојадисува велигденски јајца со природни бои...

„Од сите празници, мене најубав ми е Велигден и секоја година иста мака, како да ги обојам велигденските јајца.

aneta-dimovska-od-skopje-ofarbav-veligdenski-jajca-so-prirodni-boi-kako-izgledashe-procesot-05.jpg

Така, оваа година барајќи разноразни техники за боење и украсување се одлучив да ги обојам во нежни пастелни бои, но овојпат со природни бои.

Ќе се изненадите колку фарбањето со природни бои е интересно бидејќи во зависност од јајцето секоја домаќинка може да добие уникатна боја. Додека пребарував наидов на варијанти дека од варено цвекло се добива розевкаста боја, од варена коприва се добива зелена боја, дури и од варено кафе може да постигнеме некоја кафена нијанса.

Но, секогаш сѐ е различно и вреди да се проба, а сега во овие карантински услови имаме време да експериментираме. Јас се обидов да добијам сина и зелена боја од црвена зелка, постапката е следна. Потребни се бели јајца, црвена зелка, оцет, вода и сода бикарбона.

aneta-dimovska-od-skopje-ofarbav-veligdenski-jajca-so-prirodni-boi-kako-izgledashe-procesot-02.jpg

Зелката ја сечкате и ја ставате да се вари во 1 литар вода 20-30 минути. Ако фарбате помалку јајца, ќе земете помала зелка. Течноста од сварената зелка ја делите во 2 сада.

Во едниот додавате 1/5 лажичка сода бикарбона, тогаш бојата ќе премине во црвена, а другата останува каква што е.

aneta-dimovska-od-skopje-ofarbav-veligdenski-jajca-so-prirodni-boi-kako-izgledashe-procesot-11.JPG

Претходно сварените јајца, кои не треба да се ладни, внимателно ги спуштате во боите. Ги оставате да стојат подолго време, ги проверувате и ги вадите кога ќе ја постигнете саканата нијанса.

Од садот со црвена боја во која ставивте сода бикарбона, треба да се добие зелено јајце, а од другата боја, сино. Потоа ги премачкувате јајцата со зејтин.

aneta-dimovska-od-skopje-ofarbav-veligdenski-jajca-so-prirodni-boi-kako-izgledashe-procesot-20.jpg

Жолта пастелна нијанса добив од куркума растворена во вода со 1 лажичка оцет.

aneta-dimovska-od-skopje-ofarbav-veligdenski-jajca-so-prirodni-boi-kako-izgledashe-procesot-13.JPG

Пастелна портокалова боја може да добиете од прехранбена боја за колачи. Бојата се раствора во топла вода со 1 лажичка оцет.

aneta-dimovska-od-skopje-ofarbav-veligdenski-jajca-so-prirodni-boi-kako-izgledashe-procesot-12.JPG

Може да пробате и со други нијанси на прехранбени бои за колачи. Интересно е што од црна прехранбена боја се добива светло сиво јајце (за љубителите на потемни нијанси.)

Велигден не би бил Велигден без шарени јајца, на кој децата најмногу им се радуваат, но сепак неизбежни се и традиционалните црвени, кој како и секоја домаќинка и јас ги фарбам на Велики Четврток рано наутро.

aneta-dimovska-od-skopje-ofarbav-veligdenski-jajca-so-prirodni-boi-kako-izgledashe-procesot-03.jpg

Како и да е, боите и јајцата се интересни и забавни за очи и душа, сѐ до моментот кога ќе го искршиме и изедеме јајцето.

aneta-dimovska-od-skopje-ofarbav-veligdenski-jajca-so-prirodni-boi-kako-izgledashe-procesot-04.jpg

Честит Велигден!“

 aneta-dimovska-od-skopje-ofarbav-veligdenski-jajca-so-prirodni-boi-kako-izgledashe-procesot-14.JPG

aneta-dimovska-od-skopje-ofarbav-veligdenski-jajca-so-prirodni-boi-kako-izgledashe-procesot-16.JPG

aneta-dimovska-od-skopje-ofarbav-veligdenski-jajca-so-prirodni-boi-kako-izgledashe-procesot-15.JPG

Прочитајте и Во домот на Анета Димовска: Доминација на темни тонови и префинети детали (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кралско сини и пастелно сини - Велигденски јајца без капка хемикалија Техника за природно добивање на сини нијанси на велигденските јајца која ќе ја к...
Како велигденските јајца да ви траат до следниот Велигден? Минавте часови и часови во правење на вашето уметничко дело, а тоа има рок на тр...
Вапцање на пареа – Нова техника со која нема да си ги обоите рацете Ни се ближи Велигден, па време е да се потсетиме на техники за креативно да ги о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg