Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца – техника која можеби не ја знаете (видео)
Со оваа техника ќе имате шарени велигденски јајца, а е најбрза и најлесна - нема бои, нема неред во кујна и за многу кратко време ќе добиете корпа полна со уникатни јајца.

Ако сакате да пробате поразлична техника за правење велигденски јајца, тогаш може да им дадете шанса на креп хартиите во боја - тиктокерите веруваат дека е еден од најлесните начини за шарени јајца.
Благодарение на социјалните мрежи, досега сме виделе голем број техники, од фарбање со шлаг, до мермерни јајца со лушпи од кромид или боење со природни намирници.
Ова е уште една техника која се споделува на ТикТок, а се прави со помош на креп хартии во боја.
Ако не сакате да купувате премногу различни бои, кои ќе ви направат хаос низ кујната, тогаш можеби ова е идеален метод за вас.
Упатство:
- Набавете неколку хартии во различни бои, исечете ги на помали парчиња и секое јајце (претходно сварено), завиткајте го во барем две хартии со различна боја за подобар ефект.
- Заврзете го јајцето со гумено ластиче во хартијата и ставете го да стои неколку секунди во врела вода, па потоа оставете го настрана да се исуши.
- Совет: Користете ракавици за да не ги извалкате рацете, а јајцата откако ќе ги извадите од врелата вода ставајте ги врз хартија за печење за да не ги извалкате садовите.
Видео постапка:
@milicawoo Ovo je bez dileme najlakša tehnika za farbanje jaja, a trebaće vam samo 10 minuta 🐣 Kako vam se čini rezultat? 🪺 #uskrs #easteregg #easter #farbanjejaja #uskrsnjajaja
-->♬ original sound - milicawoo
М. М. | Црнобело
