Во домот на Анета Димовска: Доминација на темни тонови и префинети детали (фото)

„Јас сакам мали нешта, чаша вино со сирење и добар муабет за емоции, желби, љубов и духовно опуштање. Повеќе сакам да сум дома и нешто сама да зготвам, отколку да одам во ресторани“, вели 39-годишната Анета од Скопје.

vo-domot-na-aneta-dimovska-dominacija-na-temni-tonovi-i-prefineti-detali-foto-01.jpg

Анета Димовска (39) од Скопје е мајка, сопруга, вљубеник во фотографијата, но и во уредувањето на ентериерот.

Во нејзиниот дом доминираат темни тонови, деталите се внимателно избрани, најчесто поврзани со актуелните празници, и смета дека домот е единственото спокојно место каде можеме да се скриеме од сите животни бури.

Периодов во него доминираат украсите за Halloween.

За нејзиниот дом, но и животна филозофија, таа проговори за CRNOBELO:

„За мене луксузен живот не се авиони, бродови, станови, куќи, оние материјални работи што се купуваат за да импресионираш некој друг. Сето тоа нè води кон она, кој купил, што купил, кој заработил, колку остварил и слично што реално ни ја троши енергијата бесполезно.

vo-domot-na-aneta-dimovska-dominacija-na-temni-tonovi-i-prefineti-detali-foto-09.JPG

Јас сакам мали нешта, чаша вино со сирење и добар муабет за емоции, желби, љубов и духовно опуштање. Не одам во скапи ресторани, повеќе сакам да сум дома и нешто сама да зготвам.

vo-domot-na-aneta-dimovska-dominacija-na-temni-tonovi-i-prefineti-detali-foto-12.JPG

За мене единствен вистински луксуз е да си живеам по свои правила. Е тука, во нашиот дом, јас и моите најблиски си имаме свои правила и живот полн со љубов. Тука ние си ги поминуваме нашите таги, болки, радости, изненадувања…

vo-domot-na-aneta-dimovska-dominacija-na-temni-tonovi-i-prefineti-detali-foto-05.JPG

Моја утеха се моите деца Димитри и Дариа, а единствен маж кој сè што ќе каже, а јас ќе го послушам е мојот сопруг Диме. Тој е мојата вера дека сè ќе биде како што треба.

vo-domot-na-aneta-dimovska-dominacija-na-temni-tonovi-i-prefineti-detali-foto-03.JPG

Поради него ја променив и професијата. Учев медицина, но откако се запознав со мојот сопруг навлегов во нашиот семеен бизнис, фотографија, фото продукција и сè што е поврзано со фото студио.

vo-domot-na-aneta-dimovska-dominacija-na-temni-tonovi-i-prefineti-detali-foto-06.JPG

Двете професии бараат исклучително голем талент за убаво, па оттаму веројатно ми се јавила и желбата за добро уреден дом. Не само во домот, секогаш и секаде сакам да сум тип топ организирана.

vo-domot-na-aneta-dimovska-dominacija-na-temni-tonovi-i-prefineti-detali-foto-14.jpg

Идеите околу декорирањето и средувањето во домот се воглавно мои. Се водам од моите желби, ама желбата не менува ништо, одлуката менува сè. Нашиот дом е наш детокс на умот, срцето и е поважен од сè друго.

vo-domot-na-aneta-dimovska-dominacija-na-temni-tonovi-i-prefineti-detali-foto-16.jpg

Кај нас кујната е главното собиралиште и таму се нашите „power“, оброци, меѓуоброци, ручеци…

vo-domot-na-aneta-dimovska-dominacija-na-temni-tonovi-i-prefineti-detali-foto-13.jpg

За време на ручеците водиме долги разговори околу учењето, домашните, работните обврски … Потоа гледаме филмови, слушаме музика, играме карти, едноставно убаво ни е.

vo-domot-na-aneta-dimovska-dominacija-na-temni-tonovi-i-prefineti-detali-foto-22.jpg

Ние сме семејство кое многу ги сака и празнува празниците. Без разлика дали се наши или не ние ги славиме. Па според празниците зависи и декорот во нашиот дом.

vo-domot-na-aneta-dimovska-dominacija-na-temni-tonovi-i-prefineti-detali-foto-02.JPG

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Николина во Германија: Дом на Битолчанка со прозорци под плафонот и поглед кон зеленило... „Станот е 70m2 и се наоѓа во центарот на градот, на приземје, но со посебен влез...
На гости кај Љупка: Стан во Струмица од 140m2 со луксузни детали во сребрена боја (фото) „Од шивачките машини на баба ми направив трпезариска маса на која сум горда, а о...
На гости кај Јована: Стан во Скопје со бели кујнски апарати и впечатлива маса од масивно дрво (фото) „Кујната е изработена од бел мат медијапан по нарачка со бела вградена техника, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg