Како да ги отстраните најчестите дамки од облеката и теписите со продукти што сигурно ги имате дома?

Зарем има нешто полошо од тоа да си ја извалкате омилената блуза со црвено вино или со кафе? Иако можеби тогаш сте убедени дека вашата блуза е уништена, ако делувате брзо, постои голема шанса да ја спасите.

kako-da-gi-otstranite-najchestite-damki-od-oblekata-i-tepisite-so-produkti-shto-sigurno-gi-imate-doma-01.jpg

Дамките од храна и пијалаци на тепихот, облеката и гарнитурата се доста честа појава, но многу често (не секогаш) можете целосно да ги отстраните, и тоа со продукти што веќе ги имате во домот.

Погледнете неколку совети за отстранување на најчестите дамки:

Домашни продукти што се најефикасни во отстранувањето дамки

Секоја дамка е различна и чистењето зависи и од материјалот на кој дамката е направено, но генерално овие продукти се ефикасни за повеќе работи:

Вода: Ако не сте сигурни што ќе ви помогне, секогаш е најдобро прво да пробате со вода.

Бел оцет: Ако дамката не се отстранува само со вода, во повеќето случаи доволно е да додадете и малку јаболков оцет со бела боја. Неговата киселина ќе ги отстрани дамките, а не е многу силна за да ги оштети ткаенините што ги чистите. Секако, во случај на нежен материјал, избегнувајте вакви експерименти.

kako-da-gi-otstranite-najchestite-damki-od-oblekata-i-tepisite-so-produkti-shto-sigurno-gi-imate-doma-02.jpg

Хидроген пероксид: Оваа состојка има избелувачки својства, па најдобра е да ја користите за бели ткаенини. Секогаш мешајте го хидроген пероксидот со малку средство за миење садови и оставајте го да делува 20-ина минути. Потоа само исперете ја облеката како вообичаено.

Сода бикарбона: Без разлика дали отстранувате дамки од облека, тепих или гарнитура, сода бикарбоната е секогаш добар избор, најмногу поради нејзиното впивачко својство. Ако не сте сигурни што треба да правите, само измешајте половина шолја сода бикарбона со половина шолја вода, нанесете ја смесата на дамката, оставете да се исуши, па соберете ја со правосмукалка или исперете го парчето што го чистите.

kako-da-gi-otstranite-najchestite-damki-od-oblekata-i-tepisite-so-produkti-shto-sigurno-gi-imate-doma-03.jpg

Неколку совети за отстранување дамки

Без разлика со каква дамка се сочувате, скоро секогаш е добро да ги следите овие правила:

Делувајте брзо. Дури и дамките од црвено вино ќе ги отстраните многу полесно ако веднаш почнете со чистење.

Собирајте ја течноста со тапкање. Ако истурите поголемо количество кафе, вино или слично, немојте да триете, туку со тапкање соберете го вишокот течност. Со триењето само ќе ја направите дамката поголема.

kako-da-gi-otstranite-najchestite-damki-od-oblekata-i-tepisite-so-produkti-shto-sigurno-gi-imate-doma-04.jpg

Користете студена вода. Студената вода ви е најсигурен избор кога не сте сигурни како да ја отстраните дамката. Имајте на ум дека во некои случаи, топлата вода може да го отежни отстранувањето.

Проверувајте ја етикетата на облеката. За да не ја оштетите облеката, секојпат прочитајте што пишува на нејзината етикета – некои парчиња не треба воопшто да ги влажните и треба да ги носите само на хемиско чистење.

Бидете упорни. Во некои случаи ќе треба да го повторите процесот на чистење неколкупати за да го добиете посакуваниот резултат. Па, не се откажувајте уште по првиот обид.

kako-da-gi-otstranite-najchestite-damki-od-oblekata-i-tepisite-so-produkti-shto-sigurno-gi-imate-doma-05.jpg

Отстранување на најчестите дамки

Ако на тепихот, креветот или облеката направите дамка од кафе, вино и слично, постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да ја отстраните:

Кафе: Штом ќе ви се истури кафето, со крпа веднаш соберете што е можно повеќе од течноста. Потоа во сад измешајте малку топла вода, средство за садови и бел оцет, нанесете ја смесата на бела крпа и истријте ја дамката. Ако станува збор за постара, исушена дамка, прво ставете малку топла вода, па истријте со смесата од вода и оцет.

Вино: Измешајте исто количество хидроген пероксид и средство за миење садови, па нанесете ја смесата врз дамката. Откако ќе се впие исперете го парчето облека или, ако го чистите тепихот, истријте ја дамката со сунѓер и вода.

kako-da-gi-otstranite-najchestite-damki-od-oblekata-i-tepisite-so-produkti-shto-sigurno-gi-imate-doma-06.jpg

Мрсни дамки: Во овој случај, прво соберете дел од маслото со крпа, па нанесете обилно количество сода бикарбона врз дамката. Најдобро да оставите да делува цел ден, отстранете ја, а потоа исперете го парчето облека. Ако станува збор за тепих или нешто што не можете да го ставите во перална, откако ќе ја отстраните сода бикарбоната истријте ја дамката со четка и средство за миење садови, а потоа само со вода.

Крв: Во овој случај најважно е да делувате брзо, бидејќи засушената крв некогаш може да остави дамка која не се отстранува. Ако станува збор за „свежа“ дамка, каде што крвта уште не е засушена, можете да ја отстраните со студена вода и прашок или нешто слично. Ако станува збор за засушена крв, најдоброто средство за отстранување е белиот оцет. Накиснете го извалканото парче облека во мешавина од 1 шолја оцет и 2 шолји топла вода, а потоа истријте ја дамката. На крај исперете го парчето облека како вообичаено.

Мастило: Најлесниот начин да отстраните мастило од пенкало е со паста за заби – нанесете ја на дамката и тријте додека не исчезне и исплакнете со студена вода. Имајте на ум дека можеби ќе треба да ја повторите постапката неколкупати за целосно да ја отстраните дамката. Во овој случај најдобро е да користите бела паста за заби.

kako-da-gi-otstranite-najchestite-damki-od-oblekata-i-tepisite-so-produkti-shto-sigurno-gi-imate-doma-07.jpg

Секако, ова се совети што многу често може да ви помогнат, но не значи дека во секој случај со сигурност ќе ви помогнат да ги отстраните дамките без никакви оштетувања. 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...
9 работи во домот што можете да ги оштетите ако ги чистите (или перете) многу често Можете да ја користите истата крпа и 3-4 дена ако ја закачувате на место на кое ...
10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните ...
Трикови за чистење со продукти што сигурно ги имате дома Можете да искористите мешавина од бел оцет и сода бикарбона за бигорот во тоалет...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg