Соберете ги сувите лисја од растенијата и уште 12 трикови како брзо да го средите домот

Малите работи прават голема разлика... Наредете ги чевлите и патиките во ходникот за да не изгледа хаотично. Истресете го ќилимчето на прагот од домот.

soberete-gi-suvite-lisja-od-rastenijata-i-ushte-12-trikovi-kako-brzo-da-go-sredite-domot-01.jpg

Најтешкиот дел околу чистењето е тоа што треба да одвоите време за тоа, зарем не?

Како да го забрзате средувањето на домот?

Трикови како да го средите домот за кусо време:

- Закачете ги палтата, капутите и јакните на свое место, а не да бидат расфрлани по столици и несоодветни места.

- Наредете ги чевлите и патиките во ходникот за да не изгледа хаотично.

soberete-gi-suvite-lisja-od-rastenijata-i-ushte-12-trikovi-kako-brzo-da-go-sredite-domot-03.jpg

- Истресете го ќилимчето на прагот од домот.

- Избришете го огледалото во тоалетот, кое е испрскано со паста и има прсти на него.

soberete-gi-suvite-lisja-od-rastenijata-i-ushte-12-trikovi-kako-brzo-da-go-sredite-domot-02.jpg

- Соберете ги сувите лисја од растенијата и фрлете ги.

- Избришете ги отпечатоците од кафематот и другите електронски направи.

- Заменете ги пешкирите со чисти.

soberete-gi-suvite-lisja-od-rastenijata-i-ushte-12-trikovi-kako-brzo-da-go-sredite-domot-04.jpg

- Исполирајте ги кваките од вратите.

- Исчистете ја мрснотијата од копчињата на шпоретот.

- Соберете ги чашите расфрлени низ сите соби од домот.

soberete-gi-suvite-lisja-od-rastenijata-i-ushte-12-trikovi-kako-brzo-da-go-sredite-domot-05.jpg

- Исчистете го фрижидерот и фрлете од него сѐ што е непотребно или со поминат рок.

- Исчистете ги далечинските управувачи со средство за дезинфекција.

- Средете ги креветите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Збир од трикови за кои ќе си помислите: „како не сум се сетил/а на ова?“ Само една фотка има моќ да ви го олесни животот и тоа ќе ви се потврди во продол...
Што да правите кога не можете да ја отворите теглата - 9 трикови кои не сте ги знаеле Колку пати досега сте се мачеле за да ја отворите теглата со ајвар, слатко или н...
Наместо „генералка“ пред празниците – што да правите секој месец од годината за беспрекорно среден д... Во јануари средете ги новогодишните украси, во февруари исчистете ја кујната, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg