Растенија и зачини кои ќе ви помогнат да се ослободите од комарците во домот

Иако сите со нетрпение ги чекавме топлите денови, факт е дека со нив доаѓаат и досадните комарци.

rastenija-i-zachini-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-komarcite-vo-domot-01.jpg

Денес можете да најдете секакви средства против комарци, но обично тие се полни со хемикалии. Ако сакате некоја природна алтернатива, тогаш сте на вистинското место.

Погледнете кои природни состојки ќе ви помогнат да се справите со комарците:

Екстракт од ванила

Измешајте екстракт од ванила со крем со послаб мирис во сооднос 1:10 и намачкајте ја кожата.

Можете и да растворите екстракт со малку вода, па да ја нанесете смесата на кожата.

rastenija-i-zachini-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-komarcite-vo-domot-02.jpg

Етерично масло од босилек

Растворете 5-10 капки етерично масло од босилек во чаша вода и со тупфер нанесете на кожата. Можете и да натопите памук со ова масло и да го оставите покрај прозорецот, со што ќе го спречите влегувањето на комарците во домот.

rastenija-i-zachini-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-komarcite-vo-domot-03.jpg

Каранфилче

Во сад ставете чаша вода и 5 грама сушено каранфилче и оставете ја смесата да врие околу 15 минути. Потоа измешајте 10 капки од смесата со 1 лажичка спреј за тело или парфем и со тупфер нанесете на кожата.

rastenija-i-zachini-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-komarcite-vo-domot-04.jpg

Камилица

Без разлика дали ќе користите суви или свежи цветови камилица, тие сигурно ќе ги избркаат комарците. Доволно е да ги оставите цветовите покрај прозорците за да го спречите влегувањето на комарците во домот.

rastenija-i-zachini-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-komarcite-vo-domot-05.jpg

Свеж босилек

Можете да насадите босилек во градината, кој сигурно ќе ги брка комарците. Можете и да ги истриете голите места од телото со листови босилек за да ги спречите убодите.

rastenija-i-zachini-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-komarcite-vo-domot-06.jpg

Масло, шампон и оцет

За оваа мешавина ќе ви треба малку масло, шампон и оцет. Измешајте ги состојките во ист сооднос и мешајте додека не се направи пена. Можете да ја ставите смесата во шише со распрскувач и да ја нанесете директно на кожата или да ја ставите во отворен сад на прозорецот или на масата во градината.

rastenija-i-zachini-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-komarcite-vo-domot-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Водич за „добри домаќинки“ од 1950-та: Масата за појадок се мести навечер, тоалетот се чисти секој д... Според ова упатство, секој ден треба да избришете прашина, да ја проветрите пост...
Збир од трикови за кои ќе си помислите: „како не сум се сетил/а на ова?“ Само една фотка има моќ да ви го олесни животот и тоа ќе ви се потврди во продол...
Предмети во домот што може (и треба) да ги замените со поеколошки варијанти Наместо пластични, купете неколку метални сламки кои ќе можете да ги користите с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg