9 трикови за купување саксиски цвеќиња и растенија – како да одберете нешто што ќе трае?

Проверете ги корените

Корените даваат неколку индикации за здравјето на растението. Ако тоа е во саксија и гледате како корените излегуваат од него, ова може да значи дека растението е „под стрес“ и заостанува бидејќи расте во многу мал простор.

Ако, напротив, гледате дека растението лесно се крева во висина (како да не е „прикачено“ за земјата), тоа значи дека неодамна е пресадено и може подолго да издржи во истата саксија и да расте без никакви пречки.

9-odlicni-trikovi-koga-kupuvate-saksiski-cvekinja-i-rastenija (5).jpg

Подигнете го за да ја почувствувате тежината

Друг трик за процена на растенијата е да ги подигнете со саксијата за да добиете чувство колку тежат. Оние кои се полесни обично не се толку здрави, бидејќи не примиле доволно вода.

Препорачливо е да се изберат најтешките примероци, бидејќи најверојатно биле подобро хидрирани. Се разбира, осигурете се дека нема локва на земјата бидејќи вишокот вода е исто така штетен за растенијата.

9-odlicni-trikovi-koga-kupuvate-saksiski-cvekinja-i-rastenija (6).jpg

Проверете го стеблото на растението

Стеблото исто така може да открие многу за здравјето на растението. Ако е дебело, проверете дали има некои линии или „лузни“, бидејќи тоа може да биде влезна точка за инсекти и болести.

Исто така, проверете дали има пајажина или бел прав на лисјата и стеблата, бидејќи и тие можат да бидат знак за штетници.

9-odlicni-trikovi-koga-kupuvate-saksiski-cvekinja-i-rastenija (7).jpg

Држете се подалеку од саксии со мов и плевел

Доколку забележите дека има плевел околу растението или доколку има мов на садот, најдобро е да не го купите тоа растение бидејќи ова е знак на негрижа од страна на расадникот.

Покрај тоа, плевелот се натпреварува со растението за хранливи материи, што е навистина штетно. Наместо тоа, изберете примероци чии садови се во добра состојба и почвата е чиста и без плевел.

9-odlicni-trikovi-koga-kupuvate-saksiski-cvekinja-i-rastenija (8).jpg

Купувајте нерасцветани примероци

Цветните растенија обично се најатрактивни во расадникот. Но, растенијата што сè уште не процветале се оние што се најлесни за пресадување и оние што најдобро ќе напредуваат дома.

Немојте да дојдете во искушение поради изгледот или бојата на цвеќињата и одлучете се за примероците што се во фаза на пупка.

9-odlicni-trikovi-koga-kupuvate-saksiski-cvekinja-i-rastenija (9).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
7 чести грешки што сигурно ги правите со рерната (и ризикувате да ја расипете) Не ја чистите редовно, користите вентилатор за секоја храна и ставате хартија за...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
Шест работи што никако не треба да ги чистите со средство за садови Без разлика дали станува збор за чевли, јакна или, пак, гарнитура, кожата е мате...

Најчитани неделава