14 малку познати начини како да го искористите оцетот за чистење на домот

Оцетот може да се најде во речиси сите кујни во светот. Постојат различни видови на оцет во зависност од тоа што подготвувате кои се користат за подобрување на вкусот на храната.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot-01.jpg

Кујната не е единственото место каде што оцетот е корисен. Тој, исто така, има употреба и во други области на домот (особено јаболковиот или белиот алкохолен оцет), бидејќи содржи антимикробни супстанции и средства за дезинфекција, што го прават одличен сојузник при чистењето на разни површини и апарати во домот.

Како сè може да го употребите оцетот во домот?

Светнете го тушот

Тушот е обично едно од местата кои ги забораваме при чистењето. Бидејќи истиот е во постојан контакт со вода, тушот се валка со минерални остатоци, како што е калциумот. Тој се акумулира и го попречува излезот на водата.

За да го решите овој проблем, само треба да ја потопите главата или рачката на тушот во бел оцет на неколку часа. Доволно е да ги завиткате во пластична кеса наполнета со оцет. Потоа, само четкате и плакнете со топла вода.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot (1).jpg

Елиминирајте го лошиот мирис од корпата за отпадоци

Дури и кога го отстранувате ѓубрето секој ден, силен и непријатен мирис може да се задржи на дното на корпата. Ова може да се избегне со миење на истата еднаш неделно со раствор од еднакви делови на бел оцет и топла вода.

За уште поефикасно отстранување на миризбите, посипете малку сода бикарбона и додадете мешавина од оцет и вода. Оставете да отстои, а потоа исчеткајте на внатрешноста на корпата, добро исплакнете ја и исушете пред да поставите нова ќеса за ѓубре.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot (2).jpg

Оттргнете го непријатниот мирис на рацете по готвењето

Лутата арома на лукот и кромидот може да нè прогонува неколку часа по готвењето. За да го отстраните, постојат две опции.

Едната е да ги потопите рацете една минута во раствор од две лажици бел или јаболков оцет со чаша вода.

Ако не, само тријте ги рацете и просторот меѓу прстите со чист оцет две минути.

Во двата случаи, потребно да ги измиете и исплакнете рацете со сапун и да нанесете малку навлажнувачки крем за да го спречите сушењето на кожата.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot (3).jpg

Исчистете ги металните површини до висок сјај

Садовите за готвење како и материјалите од не’рѓосувачки челик, за жал, фаќаат ’рѓа со текот на времето. За да бидат сјајни како да се нови, се препорачува да ги исчистите со оцет.

Доколку станува збор за мал прибор, може да ги потопите во подлабок сад исполнет со оцет и да оставите да отстојат пет минути.

Доколку пак станува збор за поголеми апарати, само испрскајте ги директно со оцет и оставете да делува.

Во двата случаи, користете сунѓер или крпа за да ја отстраните ’рѓата и исушете го предметот. Ако нечистотијата не излезе, процесот може да се повтори онолку пати колку што е потребно.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot (4).jpg

Отстранете ја маснотијата од рерната

Препорачливо е да ја чистите рерната еднаш или двапати месечно, не само за отстранување на маснотиите, туку и за истата да работи правилно. Предноста да го направите тоа со оцет е затоа што самата процедура е нетоксична и евтина.

Ѕидовите на рерната може да се исчистат со крпа натопена во мешавина од еднакви делови на вода и оцет.

Решетките и садовите може да се третираат со чист оцет, а потоа да се потопат во садови кои содржат течност од три чаши вода и една оцет во времетраење од 15 до 20 минути.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot (5).jpg

Исчистете го дното на пеглата

Со цел апаратот да ви работи непречено и да не ги расипе вашите алишта, дното на пеглата со којашто сте залепиле нешто може да се исчисти со обичен оцет. 

За да го направите ова, треба да навлажните крпа или сунѓер со топол оцет и да ја избришете основата на пеглата додека не се отстрани нечистотијата. Секако, пеглата да биде исклучена и оладена.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot (6).jpg

Отстранете ги гумите за џвакање од облеката

Отстранувањето на гума за џвакање залепена на облеката е доста комплицирано, бидејќи понекогаш на ткаенината останува дамка.

За да го решите ова само загрејте малку оцет додека не почне да врие. Неколку капки се истураат врз гумата за џвакање и се тријат со четка за заби за да се отстрани истата.

На крајот, исперете ја облеката на вообичаениот начин.

Kako-da-go-iskoristite-ocetot-za-cistenje-na-domot (7).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Совети за патување кои ќе ви заштедат време и енергија ова лето Можете да ја испеглате облеката со пареа, а во куферот ќе ви собере многу повеќе...
9 работи на кои е подобро да не штедите, за да не се каете Паметните луѓе точно знаат на што треба да го потрошат својот буџет и на што не ...
9 работи во домот кои заборавате да ги исчистите, а оставаат лош впечаток Масата, комодата, работната површина во кујна и подот не се единствените работи ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg