8 корисни предмети што треба да ги има во сечиј дом

Некои ситни проблеми во домот, како олабавен шраф, можете да ги решите и сами, а за ова ви се потребни соодветните алати. Па, добро би било да ги имате „најосновните“ алати како чекан и клешта.

8-korisni-predmeti-shto-treba-da-gi-ima-vo-sechij-dom-01.jpg

Сигурно ви се случило да ви притреба нешто за коешто сте мислеле дека е непотребно и не сте го купиле. Некои предмети, како батериска ламба, иако ги користиме ретко, би требало да ги имаме бидејќи се најкорисни во непредвидливи, некогаш и опасни ситуации.

Погледнете кои предмети треба да ги има во сечиј дом:

Батериска ламба

Батериската ламба ќе ви биде од голема корист ако ви снема струја навечер. Истовремено, сигурно ќе ви се најде кога треба да проверите или поправите нешто што се наоѓа на слабо осветлено место во домот.

8-korisni-predmeti-shto-treba-da-gi-ima-vo-sechij-dom-02.jpg

Батерии

Далечинските управувачи за климата и телевизорот и батериската ламба што ја спомнавме претходно се само дел од уредите во домот што користат батерии.

Не можете да предвидите кога ќе се истрошат батериите за нешто што ви е многу потребно, па секогаш имајте барем 2-3 резерва.

8-korisni-predmeti-shto-treba-da-gi-ima-vo-sechij-dom-03.jpg

Свеќи

Покрај тоа што создаваат пријатна атмосфера, свеќите ќе ви бидат корисни во случај да ви снема струја навечер.

8-korisni-predmeti-shto-treba-da-gi-ima-vo-sechij-dom-04.jpg

Куферче за прва помош

Добро би било дома секогаш да имате куферче за прва помош, кое можете да си го направите и сами.

Од аптека купете алкохол, газа во неколку големини, ножички, пинцета, фластер, ракавици за една употреба и јод и секогаш нека ви бидат при рака во случај да настане некоја незгода.

Добро би било и секогаш да имате апчиња против болка и слични лекови кои одвреме-навреме им притребуваат на сите и, секако, не заборавајте редовно да им го проверувате рокот на траење.

8-korisni-predmeti-shto-treba-da-gi-ima-vo-sechij-dom-05.jpg

Простирка за бања која не се лизга

Лизгањето во бањата кога плочките се влажни може да биде навистина опасно и затоа би требало да имате простирка која не се лизга.

Можете да ставите ваква простирка и пред мијалникот во кујната бидејќи и таму постои опасност да се лизнете ако плочките се влажни.

8-korisni-predmeti-shto-treba-da-gi-ima-vo-sechij-dom-06.jpg

Кутија со алати

Нема потреба да купувате скапа кутија опремена со секакви алати, но во вашиот дом треба да има алати како чекан, клешти и метро.

Некои ситни проблеми во домот, како олабавен шраф, можете да ги средите и сами, а за тоа ви се потребни соодветни алати.

8-korisni-predmeti-shto-treba-da-gi-ima-vo-sechij-dom-07.jpg

Продолжени кабли

Не можете да ги преместувате штекерите во домот, но затоа можете да си купите продолжени кабли.

8-korisni-predmeti-shto-treba-da-gi-ima-vo-sechij-dom-08.jpg

Скала

Скалата може да ви се најде во безброј ситуации – на пример, многу е побезбедно да се качите на неа отколку на стол кога менувате сијалица или кога сакате да ги исчистите високите места, како шкафчињата во кујната.

8-korisni-predmeti-shto-treba-da-gi-ima-vo-sechij-dom-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки што (сите) ги правиме кога го чистиме домот Ставате премногу детергент, користите памучни наместо микрофибер крпи - кои се н...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
Што се сребрени рипчиња и како ефикасно да се ослободите од овие инсекти во домот? Сребрените рипчиња се непријатни, но чести жители на нашите домови. Тие не се ни...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg