Збир од трикови за кои ќе си помислите: „како не сум се сетил/а на ова?“
Само една фотка има моќ да ви го олесни животот и тоа ќе ви се потврди во продолжение.

Ова е збир од трикови кои се повеќе од едноставни, а ќе ве натераат да се запрашате „Како досега не ми текнало на ова?“
Пицата подобро ќе се загрее, ако во средината ставите една чаша со вода.

Лукот подолго ќе остане свеж, ако го чувате во сад покриен со ориз.

Хаосот во замрзнувачот може брзо да се среди со помош на штипки за хартија/документи.

Блендерот најлесно се чисти ако го наполните со вода и средство, па го пуштите неколку секунди.

Неколку мали лепенки натопете со етерично масло, па залепете ги на „критичните“ места низ домот, како кантата за отпадоци.

Лесна идеја како со помош на неколку ластичиња да ги организирате четките за шминкање.

Пластичната фолија нема да се лепи насекаде, ако неколку минути пред да ја користите ја ставите во замрзнувач.

Сечилото за варени јајца може да се најде и за брзо сечкање печурки.

Лимоните ќе издржат подолго, ако ги чувате во стаклен сад полн со вода.

Поправете ги погрешно купените батерии со малку алуминиумска фолија.

Залепените фластери полесно се одлепуваат ако капнете неколку капки алкохол.

Пресечениот кашкавал нема да се исуши, ако го намачкате со малку путер.

Кивите најлесно се лупат со лажица.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето)
Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода
Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет
Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција)
Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...