9 работи во домот што сигурно ги чистите погрешно
Немојте да користите средства со избелувач за површини од не’рѓосувачки челик бидејќи ќе ги оштетите.

Во домот има толку многу работи за чистење, што сосема нормално е да правиме и по некоја грешка.
Проблемот со грешките во чистењето е тоа што можат да ги уништат апаратите и површините во домот. Покрај тоа, со некои грешки не ги чистиме предметите како што треба, па на нив остануваат многу бактерии.
Во продолжение неколку чести грешки при чистењето на домот:
Ако ги чистите прозорците кога надвор е сончево, на нив најверојатно ќе останат дамки од средството бидејќи сонцето ќе го исуши многу брзо.

Ако ја ставите четката за тоалетната школка во нејзиниот држач додека е влажна, речиси сигурно ќе се развијат бактерии. Затоа, и четката и држачот треба да се суви пред да ја ставите четката внатре.

Ако ставате премногу прашок во машината за перење можно е да ја оштетите облеката, да останат дамки на неа, но и да предизвикате проблеми со самата машина. Секогаш следете ги инструкциите за количеството прашок што треба да го ставите.

Немојте да ја миете дрвената даска за сечења во машина за садови бидејќи ќе се создадат пукнатини во кои лесно ќе можат да се собираат остатоци од храна и бактерии. Наместо тоа исчистете ја со топла вода и средство за садови, а на крај дезинфицирајте ја со бел оцет.

Немојте да користите средства со избелувач за површини од не’рѓосувачки челик бидејќи ќе направите гребаници. Ваквите површини е најдобро да ги чистите со крпа натопена во топла вода и средство за садови.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет
Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус
Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите
Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода
Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно
Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...