Предмети во домот со кои треба да бидете особено претпазливи за да ги избегнете несреќите
Скапаните компири емитуваат вид гас од кој можете да изгубите свест ако вдишете многу. Па, ако забележите дека компирите што сте ги купиле почнуваат да скапуваат, веднаш фрлете ги.

Свеќите се одлична декорација, но немојте никако да ги оставате да горат без надзор. Потребно е многу малку за да почне пожар, особено ако имате мало дете или миленик кој може да ги кутне.

Никако не пробувајте сами да ја поправите микробрановата печка, без разлика колку сметате дека знаете. Ако не работи правилно, немојте сами да ја расклопувате бидејќи тоа не е безбедно дури и ако е исклучена од струја.

Не заборавајте да го исчистите тостерот за двопек – ако во него се соберат многу ронки леб, постои опасност да се запалат.

Бидете внимателни со литиумските батерии од стариот смартфон – ако се изложени на висока температура, лесно можат да се запалат. Ако, пак, батеријата е подуена, најдобро однесете ја кај професионалец кој ќе ви помогне да се ослободите од неа.

Ако имате шпорет на плин, внимавајте секојпат да го исклучувате дотокот на плин.

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода
Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари
Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно
Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома)
За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...