Прашина од свеќи, ѕидови – Ситници во домот кои заборавате да ги исчистите, а треба
Веруваме дека редовно ги метите теписите, но дали го чистите подот под нив? Кои други ситници настојуваме да ги забораваме кога го чистиме домот?

Иако ретко кој ужива во чистењето, ова е обврска која не можеме да ја запоставиме.
Сепак, постојат некои ситници што ги забораваме речиси секогаш, но можат да направат голема разлика.
Дел од нив во продолжение:
Исчистете ги тешко достапните места со четка за заби

Дезинфицирајте ги сунѓерите за бањање и садови со мешавина од вода и оцет

Не заборавајте да ја чистите корпата за облека барем на две недели

Откако ќе ја исчистите тоалетната школка, задолжително исчистете ја и рачката на четката, како и садот во којшто стои – ова се места на кои се акумулираат многу бактерии

Секогаш чистете го и подот под теписите бидејќи овде се собира многу прашина

Важно е да ги чистите и ѕидовите
Направете мешавина од топла вода и средство за садови. Малку навлажнете ја крпата и поминете ги ѕидовите.

Избришете ја прашината од свеќите, особено ако не сте ги запалиле подолго време

Еднаш неделно дезинфицирајте ја четката за коса во смеса од вода и сода бикарбона

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода
Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно
Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...
14 ќошиња и „ситници“ во домот што заборавите да ги исчистите (а треба под итно)
Дали ја бришете прашината над лустерите, или поминувате со правосмукалка помеѓу ...
Пет работи кои не треба да ги чувате во шкафчето под кујнскиот мијалник
Ако имате деца, никако немојте да чувате силни хемикалии во шкафчето под мијални...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење
Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...