Трикови за перење облека и отстранување дамки од нашите баби кои ќе ви се најдат

Знаевте ли дека некои дамки се отстрануваат со обична креда, па и со пена за бричење? Кои други трикови за перење можеме да ги научиме од нашите баби?

trikovi-za-perenje-obleka-i-otstranuvanje-damki-od-nashite-babi-koi-kje-vi-se-najdat-01.jpg

Денес постојат безброј средства за отстранување дамки, перење облека и што уште не.

Иако овие средства несомнено се ефикасни, некогаш исто добри се и едноставните трикови што ги користеле нашите баби. Секако, не функционираат сите во секоја ситуација, но вреди да се проба. 

Неколку вакви трикови во продолжение:

Отстранете ги мрсните дамки со креда

Најобичната креда која се користи за пишување на табла може да ви помогне да ги отстраните тазе мрсните дамки.

Втријте ја кредата на дамката и оставете ја неколку минути, а потоа истријте ја дамката.

Ако уште се познава, повторете ја постапката.

trikovi-za-perenje-obleka-i-otstranuvanje-damki-od-nashite-babi-koi-kje-vi-se-najdat-02.jpg

Оцет за непријатен мирис на облеката

Ако облеката има непријатен мирис, како на влага, дури и по перењето, можете да го отстраните со оцет.

Наполнете кофа со студена вода и ставете една шолја бел оцет. Накиснете ја облеката барем половина час, а потоа исперете ја како вообичаено.

Оцетот не само што ќе ги елиминира непријатните мириси, туку може и да отстрани некои дамки.

trikovi-za-perenje-obleka-i-otstranuvanje-damki-od-nashite-babi-koi-kje-vi-se-najdat-03.jpg

Заштитете ја шарената облека со сол

Бојата на шарената облека почнува да избледува по неколку перења, но има трик со кој ќе ѝ го продолжите рокот.

Едноставно, во кофа студена вода ставете околу половина шолја сол и накиснете ја облеката.

Потоа исперете ја како вообичаено, по можност на пониска температура за дополнително да ја заштитите бојата.

trikovi-za-perenje-obleka-i-otstranuvanje-damki-od-nashite-babi-koi-kje-vi-se-najdat-04.jpg

Пена за бричење за отстранување дамки

Нанесете пена за бричење на дамката и оставете да делува околу половина час. Потоа истријте ја, а ако се познава уште, повторете ја постапката.

На крај, исперете ја облеката како вообичаено.

Нормално, пената за бричење нема да ги отстрани буквално сите дамки, но може да биде одлична за дамки од кафе, кечап, шминки и слично.

trikovi-za-perenje-obleka-i-otstranuvanje-damki-od-nashite-babi-koi-kje-vi-se-najdat-05.jpg

Уште 4 трикови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...

Најчитани неделава