Како до убава градина на балконот? Совети од градинарскиот центар и расадник ФОЈА

За многу домови балконите се соби под отворено небо. А миговите поминати таму ги краси пријатно чувство често споделено со фамилијата и пријателите.

kako-do-ubava-gradina-na-balkonot-soveti-od-gradinarskiot-centar-i-rasadnik-foja-01.jpg

Доживувањето ќе биде многу попријатно доколку дел од балконскиот простор е резервиран за украсни растенија .

Местото и начинот на кој растенијата ќе бидат поставени е важно за изгледот и функционалноста на терасата, но и за успешен развој на растенијата.

Мал совет: Набавените растенијата во новиот простор секојпат се позиционираат според потребата од светлина.

Ѕидовите

Симболизираат и претставуваат “камен” и од повеќе аспекти се одлична позадина за растенијата. Цвеќињата  што висат надолу се поставуваат на  ѕидот , а оние што ползат во подножјето.

Во зелената креација саксиите и потпорите треба да бидат естетски поврзани со фасадата , по боја и структура. Или доколку во просторот доминираат растенијата нивните саксии можат да бидат независни од објектот но во еден стил.

Мал совет: Растенијата со помалку атрактивни цветови посадени во офарбани саксии со живи бои оддаваат егзотичен ефект.

Тремот

Овозможува заштита од дожд и сонце. Доколку е на отворена јужна експозиција, природната сенката е добредојдена и се постигнува со поставување на одрина за растенија што ползат.  Ползавците одбрани за таа намера треба да бидат брзорастежни и издржливи како Партеноциссус , Лоницера, Њистериа ...)  А во текот на летото во ФОЈА може да се набават растенија по намалена цена до 30%.

Мал совет: Ако ветровите се слаби и ретки, висечките корпи со сезонско цвеќе се незаменливо атрактивен украс на тремот.

kako-do-ubava-gradina-na-balkonot-soveti-od-gradinarskiot-centar-i-rasadnik-foja-05.jpg

Оградата на балконот

Редовно е најексплоатиран дел од терасата на кој се поставуваат најчесто корита со сезонско цвеќе. Кое доколку е од еден вид и во една боја делува моќно и елегантно. Коритата со волумен од 50литри и минимална длабочина од 25 см. дозволуваат да се аранжираат со спорорастежни повеќегодишни растенија.

Мал совет: При садење на расадот во коритата имајте предвид дека тој дополнително ќе се развива и шири , затоа не го садете премногу густо.

Подот

На балконите со полусенка, во топлите месеци може да се аранжираат и собни цвеќиња во амфитеатрална композиција. Густо поставените растенија (едно до друго ) делуваат како цветна леа и доколку се повисоки може да послужат и како визуелна заштита од несакани погледи. 

kako-do-ubava-gradina-na-balkonot-soveti-od-gradinarskiot-centar-i-rasadnik-foja-02.jpg

Споредни важни совети

  • Саксијата е ограничен простор за развој на коренот на растението и затоа при садење или пресадување користете исклучиво хранлив супстрат за садење (готова тресетна мешавина).
  • Растенијата посадени во саксии бараат редовно полевање и прихранување посебно во летните месеци. Полевањето најубаво е да се изведува во вечерните часови, но кога е многу топло или дува топол ветер покрај полевањето во вечерните часови се полева и во текот на денот.
  • Водете сметка саксиите да имаат добра дренажа и водата да истекува од нив. Тацните кои го собираат вишокот вода повремено испразнувајте ги. Не дозволувајте водата да стои долго време во нив, бидејќи тоа може да доведе до презаситување на почвата со вода, што доведува до потенцијално задушување и гниење на коренот.
  • Појавата на мравки во крошната на растението, значи дека тоа е нападнато од лисни вошки.

kako-do-ubava-gradina-na-balkonot-soveti-od-gradinarskiot-centar-i-rasadnik-foja-08.jpg

Би можело да ве интересира:

Чести грешки со кои несвесно ги „убивате“ растенијата во домот Често ги пресадувате, сите растенија ги чувате на сонце и заборавате да им ги ис...
6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Дворче во Градско со лулашки личи на вистинско игралиште и е сон за секое дете (фото) Освен лулашките, во дворчето на Даниела и Томе има и летниковец со хамок, но и и...
Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg